Броеви 27:1-23 MKDB2006 - Bible AI

1И дојдоа ќерките на Салпаад, син на Хефер, кој беше син на Га­лаад, а тој — син на Махир, од поколението на Манасија, син Јосифов; и еве ги имињата на ќерките негови: Махла, Ноа, Хогла, Милка и Тирца;

2и откако застанаа пред Мојсеј, пред свештеникот Елеазар, пред кнезовите и пред целото општество, при влезот од скинијата на собранието, рекоа:

3„Таткото наш умре во пустината, и тој не беше меѓу соучесниците што станаа против Господ заедно со луѓето на Кореј, туку умре поради свој грев, без синови.

4Зошто да се загуби името на таткото наш меѓу племето негово поради тоа што нема син? Дајте ни дел меѓу браќата на таткото наш!“

5И Мојсеј го изнесе прашањето нивно пред Господ.

6А Господ му рече на Мојсеј:

7„Право велат Салпаадовите ќерки; дај им наследствен дел меѓу браќата на таткото нивни и предај им го ним делот на нивниот татко,

8а на синовите на Израел јави им и кажи: ако некој умре, и не остави син, предавајте го наследството негово на ќерките негови;

9ако, пак, тој нема ќерки, давајте го неговиот дел на браќата негови;

10ако нема браќа, дајте го неговиот дел на стриковците негови;

11ако, пак, нема ни стриковци, дајте му го неговиот дел на најблискиот негов роднина од неговиот род; и нека биде тоа закон за синовите израелски, како што му заповедал Господ на Мојсеј!“

12 И му рече Господ на Мојсеј: „Изле­зи на планината Аварим и погледај ја земјата што им ја давам на синовите израелски;

13и откако ќе ја погледаш, прибери се и ти при народот свој, како што се прибра Арон, братот твој;

14зашто вие не ја послушавте запо­ведта Моја во пустината Син, кога меѓу општеството се појави расправија, да ја покажете пред очите нивни Мојата светост при водата. Тоа е водата Мерива кај Кадис, во пустината Син.“

15И Му рече Мојсеј на Господ, ве­лејќи:

16„Господ, Бог на духовите во сите те­ла, нека одреди над овој народ човек,

17кој ќе ги управува, и кој ќе ги предводи во сите можни околности, та да не остане народот Господов како стадо без пастир.“

18И му рече Господ на Мојсеј: „Земи го Исус, Навиновиот син, човек, во кого има Дух, и положи ја врз него раката своја.

19Претстави го пред свештеникот Еле­азар и пред целото општество, и дај му наредби пред целиот народ,

20и дај му од славата твоја за да го слуша сиот народ на синовите израел­ски;

21а тој да се обраќа до свештеникот Елеазар и да се допрашува до него за решенија преку урим пред Господ; и според зборот негов секогаш да пос­тапуваат: тој и сите синови на Израел со него, и целото општество.“

22И направи Мојсеј како што му заповеда Господ Бог, и го зеде Исуса, па го претстави пред свештеникот Елеазар и пред целото општество;

23и ги положи врз него рацете свои и му даде совет, како што заповеда Господ преку Мојсеј.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>