2ⓟ„Заповедај им на синовите израелски и кажи им: даровите Мои, лебните приноси, жртвите Мои со благопријатен мирис да Ми се принесуваат во свое време.
3ⓠИ кажи им: ете ја жртвата, која треба да Му ја принесувате на Господ: јагниња без недостаток — две едногодишни машки јагниња на ден, како жртва-сепаленица;
4едното јагне принесувај го наутро, а другото јагне навечер;
5ⓡи лебен принос да принесете, една десетина од ефа пченично брашно, помешано со четвртина ин биено маслиново масло,
6ⓢТоа е постојана жртва-сепаленица, каква што беше принесена на планината Синај, за благопријатен мирис — жртва Господова.
7И кон неа да има за прелив четврт ин за едно јагне; на свето место извршувај го со вино преливот на Господ.
8ⓣДругото јагне принесувај го навечер, со таков лебен принос како утрината, со таков прелив кон него, принесувај како жртва — благопријатен мирис пред Господ.
9ⓤА во саботен ден по две едногодишни машки јагниња без недостаток, и лебен принос две десетини од ефа пченично брашно, помешано со масло, и прелив кон него.
10Тоа е саботна сепаленица за секоја сабота, освен постојаната сепаленица и преливот за неа.
11ⓥи во првиот ден од месецот принесувајте Му на Господ сепаленици: два јунци, еден овен и седум едногодишни машки јагниња без недостаток,
12ⓦи три десетини од ефа пченично брашно, измешано со масло, како лебен принос кон секој јунец, и две десетини од ефа пченично брашно, измешано со масло, како лебен принос со овенот,
13ⓧи по една десетина од ефа пченично брашно, помешано со масло, како лебен принос за секое јагне, тоа е сепаленица, благопријатен мирис, жртва на Господ;
14ⓨа преливот за нив треба да биде половина ин вино за јунецот, една третина од ин за овен и една четвртина ин за јагне; тоа е сепаленица за секое новомесечје во текот на сите месеци на годината.
15Принесувајте Му на Господ секогаш и по еден козел како жртва за грев; него треба да го принесувате покрај секојдневната сепаленица, заедно со преливот за него.
16ⓩВо првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот, е Пасха Господова.
17ⓐИ на петнаесеттиот ден од тој месец е празник; седум дена треба да се јадат бесквасни лебови.
18ⓑВо првиот ден да имате свето собрание; никаква работа не вршете;
19ⓒи принесете сепаленица, жртва на Господ: два јунци, еден овен и седум едногодишни машки јагниња; тие да се без недостаток;
20ⓓи кон нив лебен принос принесувајте пченично брашно, измешано со масло, три десетини од ефа за секој јунец, и две десетини од ефа за овенот,
21и по една десетина ефа принесувајте за секое од седумте јагниња,
22ⓔи еден козел — жртва за грев, за да се ослободите од гревот;
23принесувајте го тоа, освен утринската сепаленица, која е постојана жртва.
24Така правете секој ден во седумте дена; тоа е дар, принос благопријатен за Господ; освен редовната сепаленица и преливот кон неа треба да го принесувате тоа.
25И во седмиот ден треба да имате свето собрание; никаква работа не вршете.
26ⓕИ во денот на Првите плодови, кога Му принесувате на Господ нов лебен принос на празникот на Седмиците, треба да имате свето собрание, никаква работа не вршете;
27и принесувајте сепаленици — благопријатен мирис на Господ: два јунца, еден овен и седум едногодишни машки јагниња,
28а заедно со нив и лебен принос од пченично брашно, измешано со масло, три десетини од ефа за секој јунец, две десетини од ефа за овен,
29и по една десетина од ефа за секое од седумте јагниња;
30и еден козел — за ослободување од грев.
31Принесувајте ми ги овие жртви со нивниот прелив, освен постојаните сепаленици со лебниот им принос; тие треба да бидат без надостаток.“