Броеви 30:1-17 MKDB2006 - Bible AI

1И им кажа Мојсеј на синовите израелски сѐ што му беше запо­ведал Господ.

2И им зборуваше Мојсеј на начал­ниците од племињата на синовите изра­елски, велејќи: „Еве што заповеда Гос­под:

3‚ако некој Му вети нешто на Господ, или се заколне со клетва, и стави заре­кување на душата своја, да не го ос­кверни зборот свој, туку да изврши сѐ што излегло од устата негова.

4Ако жена даде завет на Господ и се зарече во татковата си куќа, во млади години,

5а таткото нејзин го чуе заветот и зарекувањето нејзино што го наложила на душата своја, па го премолчи таткото нејзин тоа, тогаш сите нејзини ветувања, и секое нејзино зарекување што си го наложила на душата своја, да ги исполни;

6ако таткото нејзин, кога ќе чуе, па ѝ забрани, тогаш сите нејзини завети што си ги наложила на душата своја, да не се исполнуваат, и Господ ќе ѝ прости, бидејќи таткото ѝ ги забранил.

7Ако се омажи, а е обврзана со завет, или се обврзала со збор, излезен од ус­тата нејзина,

8и чуе мажот нејзин, па, откако ќе чуе премолчи: заветите нејзини да се исполнат, и зареците нејзини, исто така да се исполнат;

9ако мажот нејзин, кога ќе ги чуе, ѝ забрани и го отфрли заветот нејзин што го дала, и зборот излезен од устата неј­зина, со кој таа се обврзала, Господ ќе ѝ прости.

10А заветот на вдовица и разведена, какво и да било зарекување да си нало­жила на душата своја, да се исполни.

11Ако жена се заветувала во куќата на мажот свој, или со клетва си нало­жила на душата своја зарекување,

12и мажот нејзин ја чул, а премолчал и не ѝ го забранил, тогаш сите завети нејзини да се исполнат, и секое зарекување што го наложила на душата своја, да се исполни;

13ако, пак, мажот нејзин, откако ги чул, ги отфрлил, тогаш сите завети неј­зини, излезени од устата нејзина, и зарекувања на душата нејзина, да не се исполнат; мажот нејзин ги уништил, и Господ ќе ѝ прости.

14Секој нејзин завет и секое клетвено зарекување нејзино за смирување на душата своја, мажот нејзин може да го потврди, и мажот нејзин може да го отфрли.

15Ако мажот нејзин молчел од ден на ден, тој со тоа ги потврдил сите ветувања нејзини и сите зарекувања нејзини, со кои се обврзала; ги потврдил, зашто, откако ги чул, молчел за тоа;

16ако, пак, ги отфрлил, откако ги чул, тој го примил врз себе гревот нејзин.‘“

17Тоа се наредбите, кои Господ му ги заповеда на Мојсеј за односите меѓу мажот и жената негова, меѓу таткото и ќерката негова во млади години, во куќата на нејзиниот татко.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>