Броеви 31:1-54 MKDB2006 - Bible AI

1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

2„Одмазди им се на Мидјаните поради синовите на Израел, и потоа ќе се прибереш при народот свој.“

3И му рече Мојсеј на народот, велејќи: „Вооружете меѓу вас луѓе за војна, за да тргнат против Мидјаните, да извршат одмазда Господова над нив;

4испратете во војна по илјада од ко­лено, од сите колена на синовите изра­елски.“

5И од илјадниците израелски беа од­делени по илјада од секое колено, вкупно дванаесет илјади вооружени за војна.

6И ги испрати Мојсеј во војна, по илјада од секое колено, а со нив и Фи­нес, синот на свештеникот Елеазар, со светите утвари и со труби за тревога в рака.

7И отидоа во војна против Мидјаните, како што му заповеда Господ на Мојсеј, и ги убија сите од машки пол;

8а заедно со убиените од нив ги убија и мидјанските цареви: Евиј, Рекем, Цур, Ор и Рева — пет мидјански цареви; го убија со меч и Валаам, Беоровиот син.

9Мидјанските, пак, жени и децата нивни синовите израелски ги зедоа во плен; и сиот нивни добиток, и сите ста­да нивни, и целиот имот нивни го заграбија;

10сите градови нивни во нивно владение и сите села нивни со оган ги из­гореа.

11И го зедоа сето заграбено, од човек до добиток.

12И заробените, и пленот, и заграбе­ното го донесоа пред Мојсеј, пред свеш­теникот Елеазар и пред општеството на синовите израелски, во логорот на рамнините моавски, кај Јордан, спроти Ерихон.

13Тогаш Мојсеј и свештеникот Елеа­зар и сите кнезови на општеството из­ле­гоа надвор од населбата за да ги пречекаат.

14И се разгневи Мојсеј на воените началници, илјадниците и стотниците што се беа вратиле од војната,

15па им рече: „Ги оставивте живи сите жени?

16Ете тие, по советот на Валаам, беа станале причина синовите израелски да отстапат и да ги презрат наредбите од Господ, заради Фегор, затоа и дојде оној пораз врз народот Господов.

17А сега, убијте ги сите деца од машки пол, убијте ги и сите жени што познале маж на машко легло;

18а сите деца од женски пол, кои не познале машко легло, оставете ги живи за себе.

19И останете надвор од населбата се­дум дена; сите што убиле човек и што се допреле до убиен, да се очистат на третиот и на седмиот ден, вие и вашите заробеници;

20очистете ја и сета облека, сите кожни предмети, сѐ што е направено од козина, и сите дрвени садови.“

21Потоа им рече свештеникот Еле­азар на борците што беа отишле во војна: „Еве ги наредбите на законот, кои Господ му ги заповеда на Мојсеј:

22злато, сребро, бакар, железо, калај и олово,

23и сѐ што минува низ оган, поминете го низ оган, за да се очисти, а освен тоа, тоа треба да се очисти и со очистителна вода; а сѐ што не минува низ оган, поминете го низ вода;

24и облеката исперете ја на седмиот ден, и очистете се, и потоа влезете во населбата.“

25И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

26„Преброј го заграбеното, од човек до добиток, ти и свештеникот Елеазар и началниците од племињата на опште­ството;

27и раздели го ограбеното по поло­вина, меѓу оние што војуваа што одеа во борба, и целото општество.

28А од борците што беа во војна, земи данок за Господ, по една душа на петстотини, од луѓето и од говедата, и од магарињата, и од ситниот добиток;

29земи го тоа од нивната половина и дај му го на свештеникот Елеазар за вознесување пред Господ.

30А од половината, определена за сино­вите израелски, земи по едно на педесет: од луѓето, од крупниот доби­ток, од магарињата, и од ситниот доби­ток, и дај им го тоа на левитите што служат при скинијата Господова.“

31И направија Мојсеј и свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеј.

32И пленот што остана од грабежот што го заграбија оние, кои беа отишле во војна, беше: ситен добиток — шестотини седумдесет и пет илјади,

33крупен добиток — седумдесет и две илјади,

34магариња — шеесет и една илјада,

35луѓе — жени, кои не познале машко легло, сите беа триесет и две илјади души.

36Половината, делот на оние што беа отишле да се борат, според пребројувањето, беше: ситен добиток — триста триесет и седум илјади и петстотини глави.

37На Господ од ситниот добиток Му се дадоа шестотини седумдесет и пет глави;

38крупен добиток — триесет и шест илјади, и од тоа дар за Господ — седумдесет и две глави;

39магариња — триесет илјади и петстотини, а дел од нив за Господ — шеесет и една глава;

40луѓе — шеснаесет илјади, и данок од нив за Господ беше триесет и две души.

41И му го даде Мојсеј дарот за вознесување пред Господ, на свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеј.

42И од половината, определена за си­новите израелски што ја оддели Мојсеј од оние кои беа отишле во војната,

43а половината како дел на опште­ството беше: ситен добиток — триста триесет и седум илјади и петстотини,

44крупен добиток — триесет и шест илјади глави;

45магариња — триесет и пет илјади и петстотини глави;

46луѓе — шеснаесет илјади души.

47Од таа половина, определена за си­новите израелски, Мојсеј зеде педесетти дел од луѓето и од добитокот и им го даде тоа на левитите што служеа при скинијата Господова, како што му заповеда Господ.

48И дојдоа кај Мојсеј началниците над илјадите од војската — илјадниците и стотниците,

49и му рекоа на Мојсеј: „Твоите слуги ги преброија борците што ни се до­ве­ре­ни, и ниеден од нив не загинал.

50Еве, Му донесовме принос на Гос­под кој што нашол — златни предмети, алки, гривни, прстења, обетки и ве­ришки, за да ги очистиме своите души пред Господ.“

51И го зедоа од нив Мојсеј и свештеникот Елеазар златото на сите тие изработки.

52И сето злато, донесено од илјадниците и стотниците за вознесување пред Господ, беше шеснаесет илјади седумстотини и педесет шекели.

53Воините беа грабале секој за себеси.

54И го зедоа Мојсеј и свештеникот Елеазар златото од илјадниците и стотниците и го внесоа во скинијата на собранието за спомен на синовите израелски пред Господ.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>