Броеви 33:1-56 MKDB2006 - Bible AI

1Ете тоа се патувањата на синовите израелски, откако излегоа од египетската земја, групирани во легиони под водството на Мојсеј и на Арон.

2По заповед на Господ Мојсеј ги опиша нивните патувања и престојувањата нивни, и еве ги престоите на нивното патување:

3Од Рамзес тие тргнаа во првиот месец, на петнаесеттиот ден од првиот месец, — утрината по Пасха излегоа синовите израелски — слободно, пред очите на сите Египќани;

4а во тоа време Египќаните ги погребуваа сите првородени, кои ги порази Господ меѓу нив, извршувајќи, на тој начин суд над нивните богови.

5Така тргнаа синовите израелски од Рамзес и се сместија во Сукот.

6Потоа појдоа од Сукот и се сместија во Етам, кој е на крајот од пустината.

7Се кренаа од Етам, и се упатија кон Пи-Хахирот, кој е спроти Ваал-Цефон, и се сместија спроти Мигдол.

8Откако тргнаа од Пи-Хахирот, ми­наа преку морето во пустината, и патуваа три дена по пустината Етам, и се улогорија во Мара.

9И се кренаа од Мара, и пристигнаа во Елим; а во Елим имаше дванаесет водни извори и седумдесет палми; и се сместија таму.

10Потоа појдоа од Елим и се сместија крај Црвеното Море.

11И тргнаа од Црвеното Море и се сместија во пустината Син.

12Па се кренаа од пустината Син и се сместија во Дофка.

13Од Дофка заминаа и дојдоа во Алуш.

14Тргнаа од Алуш и се сместија во Рефидим, а таму немаше вода да пие народот.

15Појдоа од Рефидим и се сместија во Синајската Пустина.

16Заминаа од Синајската Пустина и се сместија крај Киврот-Таава.

17Тргнаа од Киврот-Таава и се улогорија во Хацерот.

18Од Хацерот појдоа и се сместија во Ритма.

19Потоа се кренаа од Ритма и се смес­тија во Римон-Перец.

20Појдоа од Римон-Перец и се смес­тија во Ливна.

21Од Ливна заминаа и се сместија во Риса.

22Тргнаа од Риса и се сместија во Кехелата.

23Се кренаа од Кехелата и се сместија на гората Шефер.

24Тргнаа од планината Шефер и се сместија во Харада.

25Тргнаа од Харада и се сместија во Макхелот.

26Од Макхелот се кренаа и се сместија во Тахат.

27Тргнаа од Тахат и се сместија во Тара.

28Појдоа од Тара и се сместија во Митка.

29Заминаа од Митка и се сместија во Хашмона.

30Од Хашмона тргнаа и се сместија во Мосерот.

31Тргнаа од Мосерот и се сместија во Бене-Јаакан.

32Заминаа од Бене-Јаакан и се сместија во Хор-Гидгад.

33Се кренаа од Хор-Гидгад и се сместија во Јатевата.

34Појдоа од Јатевата и се сместија во Аврона.

35Тргнаа од Аврона и се сместија во Ецјон-Гевер.

36Од Ецјон-Гевер тргнаа и се сместија на стан во пустината Син, т.е. во Кадис.

37Појдоа од Кадис и се сместија во планината Ор, близу до земјата Едом­ска.

38Тогаш по заповед на Господ свеш­теникот Арон се искачи на планината Ор и умре таму на четириесеттата го­дина по излегувањето на синовите израелски од египетската земја, во петтиот месец, на првиот ден од месецот;

39Арон имаше сто дваесет и три години кога умре на планината Ор.

40Тогаш царот на Арад, еден од хананските цареви, кој живееше на југ во хананската земја, чу дека идат синовите на Израел.

41И тие тргнаа од Ор-Планина и се сместија во Салмона.

42Појдоа од Салмона и се сместија во Пунон.

43Се кренаа од Пунон и се сместија во Овот.

44Потоа заминаа од Овот и се сместија во Ије-Аварим, од спротива на пределите моавски.

45Тргнаа од Ије-Аварим и се сместија во Дивон-Гад.

46Појдоа од Дивон-Гад и се сместија во Алмон-Дивлатаим.

47Се кренаа од Алмон-Дивлатаим и се сместија на планината Аварим, спроти Нево.

48Тргнаа од Аваримската планина и се сместија во рамнините моавски, крај Јордан, спроти Ерихон;

49тие беа сместени на брегот од Јордан, во Моавската Рамнина, од Бет-Јешимот до Авел-Ситим.

50Тогаш му рече Господ на Мојсеј во Рамнината Моавска, кај Јордан, спроти Ерихон, велејќи:

51„Кажи им на синовите израелски и речи им: кога ќе минете од онаа страна на Јордан, во хананската земја,

52протерајте ги од пред себе сите жители на оваа земја, разрушете ги сите нивни камени идоли и сите нивни излеани идоли, и сите нивни жртвеници, разорете ги

53и завладејте ја таа земја, и населете се во неа, зашто Јас ви ја давам во наследство;

54и поделете ја земјата со ждрепка на делови меѓу вашите племиња: на мно­губројните дајте им поголем дел, а на малубројните дајте им помал дел; како кому ќе му се падне ждрепката, таму да му биде и делот; земете си делови според родовите на предците ваши.

55Ако, пак, не ги протерате од пред себе жителите на таа земја, тогаш оние што ќе останат, ќе бидат трн во очите ваши и бодила во слабините ваши и ќе ве притеснуваат во земјата каде што ќе живеете,

56и тогаш, она што мислев да им го направам ним, ќе ви го направам вам.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>