Броеви 34:1-29 MKDB2006 - Bible AI

1Му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

2„Заповедај им на синовите на Израел и кажи им: кога ќе влезете во хананската земја, таа е земјата, која ќе ви се падне во дел — земјата хананска со пределите нејзини:

3вашата јужна граница ќе започнува од пустината Син, покрај Едом; ќе започнува од крајот на Соленото Море откај исток;

4потоа вашата граница ќе сврти на југ кон Акравимските возвишенија, ми­нува низ Син, ќе дојде јужно од Ка­дис-Барнеа, па потоа ќе продолжи кон Хацар-Адар и Ацмон;

5од Ацмон границата ќе оди кон египетската река и ќе излегува на морето.

6А западна граница ќе ви биде Голе­мото Море. Тоа ќе ви биде граница откај запад.

7Откај север, пак, да имате граница: од Големото Море да оди кон планината Ор,

8од планината Ор да продолжува до Емат, и оттука да свртува кон Цедад;

9оттаму границата да продолжи кон Зифрон и да скршнува кон Ха­цар-Енан: тоа да ви биде северната граница.

10Источната граница означете ја сами од Хацар-Енан до Шефам,

11од Шефам ќе продолжи кон Ривла, потоа, слегувајќи уште надолу, се допира до источните брегови на Гениса­ретското Езеро; од источната страна на Ајин;

12потоа границата ќе оди по реката Јордан и ќе заврши кај Соленото Море. Тоа да ви биде земјата со границите нејзини наоколу.“

13Тогаш им заповеда Мојсеј на сино­вите на Израел и им рече: „Еве ја земјата што ќе ја поделите со ждрепка, која Господ заповеда да им се даде на деветте племиња и на половината од племето,

14зашто племето на Рувимовите потомци според семејствата нивни, и племето на потомците на Гад според семејствата нивни, и половината од Манасиевото племе, го добија својот дел:

15двете племиња и половината племе го добија својот дел со ждрепка од оваа страна на Јордан, спроти Ерихон, на исток.“

16И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

17„Ова се имињата на мажите што ќе ја поделат таа земја меѓу вас: свеш­теникот Елеазар, и Исус, Навиновиот син;

18а за делењето на земјата земете и по еден кнез од секое племе.

19А еве ги имињата на тие мажи: за Јудиното племе — Халев, синот Јефу­неов;

20за племето на Симеоновите потомци — Самоил, синот Амиудов;

21за Венијаминовото племе — Елидад, синот Кислонов;

22за племето на Дановите потомци — кнезот Буки, Јоглиевиот син;

23за Јосифовите потомци, за племето на Манасиевите потомци — кнезот Ханиил, Ефодовиот син;

24за коленото на Ефремовите потомци — кнезот Кемуел, синот Шифтанов;

25за племето на Завулоновите потомци — кнезот Елицафан, синот Парнахов;

26за племето на Исахаровите потомци — кнезот Палтиел, синот Азанов;

27за племето на Асировите потомци — кнезот Ахиуд, синот Шеломиев;

28за племето на Нефталимовите по­том­ци — кнезот Педаел, синот Амиу­дов.“

29Тоа се оние, на кои Господ им заповеда да ги поделат деловите меѓу синовите на Израел во хананската земја.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>