Броеви 35:1-34 MKDB2006 - Bible AI

1И му рече Господ на Мојсеј во Рамнината Моавска кај Јордан, спроти Ерихон, велејќи:

2„Заповедај им на синовите на Из­раел да им дадат на левитите од добиените делови во владение свое градови за живеење; и поле околу градовите дајте им на левитите;

3во градовите ќе живеат тие, а полето ќе биде за добитокот нивни, и за сите други нивни животни.

4Полето околу градовите што ќе им го дадете на левитите, треба да се прос­тира од градскиот ѕид (две) илјади лакти наоколу.

5И измерете надвор од градот: откај исток — две илјади лакти, откај страната на југ — две илјади лакти, и страната откај запад — две илјади лакти, откај север — две илјади лакти, а во средината да биде градот; такво ќе им биде полето околу градовите.

6Меѓу градовите што ќе им ги дадете на левитите, шест града нека има за засолниште, каде што ќе дозволите да избегаат оние што убиле; и освен нив дајте им уште четириесет и два града:

7сите градови што ќе им ги дадете на левитите, да бидат четириесет и осум града со поле околу нив.

8И кога ги давате градовите од владението на синовите израелски, давајте од поголемото — повеќе, од помалото — помалку; според наследството свое што ќе го добие, секое колено нека им даде од своите градови на левитите.“

9И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

10„Кажи им на синовите на Израел и речи им: кога ќе минете преку Јордан во хананската земја,

11изберете си градови што ќе ви бидат градови прибежишта, каде што би можел да избега убиец, кој убил нена­мерно.

12И тие градови нека ви бидат засолниште од одмаздникот, та да не биде погубен оној што го извршил убиството, пред да излезе на суд пред народот.

13А градовите што ќе ги дадете, градовите за засолништа, треба да бидат шест:

14три града дајте од оваа страна на Јордан и три града дајте во хананската земја; тие треба да бидат градови прибежишта.

15Тие шест градови да бидат засолништа за синовите на Израел, за придој­дениот и за преселениот меѓу вас, за да избега во нив секој, кој убил човек не сакајќи.

16Ако некој удри некого со железен предмет и тој умре, тој е убиец: убиецот да биде убиен;

17и ако некој удри некого, фрлајќи камен со рака, и тој умре од каменот; тој е убиец, убиецот да биде убиен;

18или ако удри со дрвен предмет со рака, па тој од тоа умре, тој е убиец, убиецот да биде предаден на смрт.

19Одмаздникот за крв сам може да го убие убиецот: штом ќе го сретне, може сам да го умртви.

20Ако некој турне некого од омраза, или со умисла фрли на него нешто, така што тој да умре,

21или поради злоба го удри со рака, па тој умре, тогаш оној што удрил да биде убиен, тој е убиец; одмаздникот за крв може да го умртви убиецот штом ќе се сретне со него.

22Ако го турне, не сакајќи, и без непријателство, или фрли на него не­што без умисла,

23или, без да види, откачи некој камен одозгора што може да предизвика смрт, така што оној умре, но тој не му бил непријател и не му мислел зло,

24тогаш народот да го реши делото меѓу убиецот и одмаздникот за крв според оваа наредба;

25и народот да го спаси убиецот од раката на одмаздникот за крв, и да го врати во градот на неговото засол­ниште, каде што избегал тој, за да живее таму до смртта на големиот свештеник, кој е помазан со свето масло.

26Ако убиецот излезе надвор од градот за засолнување, каде што избегал,

27па одмаздникот за крв го сретне надвор од границата на градот при­бежиште и го убие, нема да биде виновен за крвнина,

28зашто оној треба да живее во градот на засолништето свое до смртта на големиот свештеник, а по смртта на големиот свештеник убиецот ќе може да се врати во земјата каде што живеел.

29Тоа да ви биде законска наредба во поколенијата ваши, по сите ваши жи­веалишта.

30Секој кој ќе убие човек, може да биде казнет со смрт, ако против него сведочат свидетели; но еден сведок не е доволен за осудување на смрт.

31И не земајте откуп за душата на убиецот, кој е виновен за смртта — него предавајте го на смрт.

32И не земајте откуп за избеган во град за засолнување, за да му дозволите да живее во земјата своја, пред смртта на великиот свештеник.

33Не осквернувајте ја земјата, на која живеете; зашто крвта ја осквернува земјата, а земјата не се чисти од пролеаната крв поинаку, освен со крвта на оној, кој ја пролеал.

34Да не ја осквернувате земјата, на која живеете, во која помеѓу вас се населив и Јас; зашто Јас сум Господ, Кој живее меѓу синовите на Израел.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>