Броеви 4:1-49 MKDB2006 - Bible AI

1И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:

2„Пребројте ги Каатовите синови меѓу синовите Левиеви според родовите нивни и според семејствата нивни,

3од триесет години и нагоре до педесет години, способни за служба, за да ги вршат сите работи во скинијата на собранието.

4А ова е службата на Каатовите си­нови во скинијата на собранието: да ја носат Најсветата Светиња.

5Кога ќе треба да се крене на пат, Арон и синовите негови да влезат и да ја симнат покривната завеса и да го покријат со неа ковчегот на заветот

6и да го покријат со покровот од скапоцени кожи, и над него да ја стават покривката цела од синкаво ленено платно, и да ги постават носилата.

7И трпезата за приносните лебови да ја покријат со синкаво ленено платно и да ги наредат одозгора чиниите, и лажиците, и чашите, и потирите; а на неа секогаш да има лебови;

8да стават врз нив црвена покривка, да ја покријат со покривало од скапоцена кожа и да ѝ ги постават лостовите за носење.

9Да земат исто така сина покривка, и да го покријат свеќникот за осветлување, и кандилцата негови, и под­лош­ките негови, и сите садови за масло, со кои се служат,

10да го обвијат него и сите негови прибори со покривка од скапоцени ко­жи и да го стават на неговата носилка.

11А на златниот жртвеник да стават покривка од синкаво платно, да го покријат со покривка од скапоцени кожи, и да ги постават неговите лос­тови за носење.

12Да го земат сиот прибор за слу­жење, со кој служат во светилиштето, да го обвијат во синкаво платно, да го покријат со покривка од скапоцени кожи, и да го постават на неговата носилка.

13Да го очистат жртвеникот од пе­пелта и да го обвијат со пурпурно платно;

14да го стават одозгора сиот прибор негов, со кој се служат при него — мангалите, виљушките, лопатките и ча­шите — сиот прибор на жртвеникот, и да го покријат со покривка од скапоцени кожи и да го постават на неговите лос­тови за носење.

15И кога ќе направат така, Арон и синовите негови, покривајќи го целото светилиште и сите негови работи, па кога ќе се крева населбата, тогаш Каатовите синови да влезат и да носат; но тие не смеат да се допираат до светите работи, за да не умрат. Тие работи од скинијата на собранието да ги носат Каатовите синови.

16На Елеазар, синот на свештеникот Арон, му се доверува маслото за све­тилникот, благомиризливата смеса за кадење, постојаниот лебен принос и маслото за помазание — му се доверува целата скинија и сѐ што е во неа, све­тилиштето и она што му припаѓа нему.“

17И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:

18„Не погубувајте го родот на Каа­товците меѓу левитите,

19туку еве што ќе направите за нив, за да бидат живи и да не умрат, кога ќе пристапат кон Светињата над светињи­те: Арон и синовите негови нека дојдат и нека му определат на секого од нив кој што ќе работи и што ќе носи:

20но тие не смеат да се доближуваат и да ја видат светињата кога ја покриваат, за да не умрат.“

21И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

22„Преброј ги и Гирсоновите синови според семејствата нивни и според родовите нивни,

23од триесет години нагоре до педесет години, пребројте ги сите способни за служба и за работа во скинијата на со­бра­нието.

24Еве ја работата на Гирсоновиот род, кога ќе служат и кога ќе носат:

25да ги носат платништата на скинијата, и скинијата на собранието со по­кривот нејзин, и покривката од скапо­цени кожи што е на неа, и завесата од влезот во скинијата на собранието,

26платништата околу дворот и завесата од влезот во дворот што се околу скинијата и жртвеникот, со јажињата и другите нивни принадлежности; и сѐ околу ова што треба да се работи, нека го работат.

27Сите служби на Гирсоновите сино­ви, кога носат товари и кога вршат ра­бо­та, треба да се извршуваат по заповед на Арон и на синовите негови; ним доверете им го и чувањето на она што ќе го носат.

28Тоа се службите на родовите на Гирсоновите синови во скинијата на собранието и тоа е она што треба да го чуваат под надзор на Итамар, синот на свештеникот Арон.

29Преброј ги Мерариевите синови според родовите нивни и според семеј­ствата нивни;

30од триесет години нагоре до педесет години, преброј ги сите способни за служба, за да работат во скинијата на собранието.

31Еве што треба да носат тие според службата своја во скинијата на собранието: штиците од скинијата и напреч­ните греди нејзини, столбовите нејзини и подножјата нивни,

32и столбовите од сите страни на дво­рот и подножјата нивни, и клиновите нивни и јажињата нивни, и сиот прибор што им припаѓа; и именувајте ги рабо­тите што треба да ги носат.

33Тоа е работата на родовите на Мерариевите синови според службата нивна при скинијата на собранието, а под надзор на Итамар, синот на свеш­теникот Арон.“

34И ги преброија Мојсеј и Арон и на­чалниците народни Каатовите синови според родовите нивни и според семеј­ствата нивни,

35од триесет години нагоре до педесет години, сите способни за служба, за да работат во скинијата на собранието.

36И излегоа на број според родовите нивни, две илјади седумстотини и пе­десет.

37Тоа се преброените од родовите Каа­тови, сите што ќе служат при ски­нијата на собранието, и што ги изброија Мојсеј и Арон по заповед Господова, дадена преку Мојсеј.

38И Гирсоновите синови беа преброени според родовите нивни, и според семејствата нивни,

39од триесет години и нагоре до педесет години, сите способни за служба, за да работат во скинијата на собранието;

40и излегоа на број, според родовите нивни, според семејствата нивни, две илјади шестотини и триесет.

41Тоа се изброените од родовите на Гирсоновите синови, сите што ќе слу­жат во скинијата на собранието, а кои ги изброија Мојсеј и Арон, по заповедта Господова, дадена преку Мојсеј.

42Родовите на Мерариевите синови беа изброени според родовите нивни, според семејствата нивни,

43од триесет години и нагоре, до педесет години, сите способни за служба, да работат при скинијата на собранието;

44и излегоа на број, според родовите нивни, три илјади и двесте.

45Тоа се преброените од родовите на Мерариевите синови што ги преброија Мојсеј и Арон по заповедта Господова, дадени преку Мојсеј.

46И беа изброени сите левити што ги изброија Мојсеј и Арон и началниците израелски според родовите нивни и според семејствата нивни,

47од триесет години и нагоре до педесет години, сите способни да работат и да носат во скинијата на собранието,

48и излегоа на број осум илјади петстотини и осумдесет.

49По заповед на Господ ги распореди Мојсеј, секој на својата работа што ќе ја врши, и беа изброени, како што му заповеда Господ на Мојсеј.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>