5И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
6ⓩ„Кажи им на синовите израелски: ако маж или жена направи кој и да било грев против човек и со тоа изврши престап против Господ, виновна е таа душа.
7ⓐНека го исповеда направениот грев и да го врати она, за што е виновен, и да додаде кон тоа уште една петина и да му го даде на оној, против кого згрешил.
8ⓑАко тој човек нема наследник, кому би требало да му се врати за вината, тогаш да му го посвети тоа на Господ: нека биде тоа за свештеникот, освен овенот за очистување, преку кој ќе го очисти.
9ⓒИ секој принос од сѐ што ќе се осветува за синовите израелски, а ќе го донесуваат за Господ при свештеникот, нему му припаѓа;
10ⓓи посветеното, од кого и да е, нему му припаѓа; и, ако некој му даде нешто на свештеникот, нему му припаѓа.“
11И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
12„Зборувај со синовите на Израел и кажи им: ако некого го изневери жената и ја презре верноста кон него,
13или ако некој преспие со неа и излее семе, и тоа се прикрие од очите на мажот нејзин, или ако скрие дека се осквернила тајно, а против неа нема сведок, таа нема да биде разобличена;
14ⓔа него го обземе љубоморен дух, и почне да љубомори на жена си, кога таа е осквернета, или го обземе љубоморен дух, и тој почне да љубомори на жена си, кога таа не е осквернета, —
15ⓕтогаш мажот нека ја доведе жената кај свештеникот и да принесе дар за неа една десетина од ефа јачмено брашно, но да не го полива со масло и да не става на него темјан, зашто тоа е жртва за љубомора, жртва за спомен што наспомнува за беззаконие.
16А свештеникот нека ја доведе жената и нека ја исправи пред Господ;
17и да земе тој света вода во глинен сад и прав од сувата земја во скинијата, и да го стави во водата.
18ⓖПотоа свештеникот да ја исправи жената пред Господ, и да ѝ ја открие главата и да го стави врз рацете нејзини приносот за спомен, — а тоа е принос за љубомора, а свештеникот да ја држи во раката горчливата вода, која носи проклетство.
19И свештеникот да ја заколне и да ѝ рече на жената: ако никој не бил со тебе, и ти не си се осквернила и не си го изневерила својот маж, нема да ти наштети оваа горчлива вода, која носи проклетство.
20Но, ако си го изневерила својот маж и си се осквернила, и ако некој, освен твојот маж, спиел со тебе, —
21ⓗтогаш свештеникот нека ја заколне жената со клетвата за проклетство и нека ѝ рече: — Да те предаде Господ на проклетството и на клетва во твојот народ, и да даде Господ утробата твоја да се исуши, и стомакот твој да се надуе;
22ⓘи да мине внатре во тебе таа вода што носи проклетство, па стомакот твој да се надуе и утробата твоја да се исуши. — А жената да каже: Амин, амин.
23ⓙИ свештеникот да ги напише тие клетви на хартија, а потоа да ги избрише во горчливата вода;
24и да ѝ даде на жената да се напие од горчливата вода што носи проклетство, и да влезе во неа водата, и да ја наполни со горчевина.
25ⓚИ да го земе свештеникот од рацете на жената лебниот принос за љубомора, и да го издигне тој принос пред Господ, и да го однесе кај жртвеникот.
26ⓛИ свештеникот да земе тогаш со рака малку од лебниот принос за спомен, да го изгори на жртвеникот и потоа да ѝ даде на жената да ја испие водата;
27ⓜи откога ќе ја напои со водата, ако е таа нечиста и ако направила престап спрема својот маж, горчливата вода што носи проклетство, ќе навлезе во неа, правејќи ѝ штета и стомакот ќе ѝ се надуе, и утробата нејзина ќе се исуши, и таа жена ќе биде проклета меѓу својот народ.
28Ако, пак, жената не е осквернета и останала чиста, ќе остане без повреда и ќе се оплодува од семе.
29Тоа е законот за љубомора: кога жената ќе го изневери својот маж и ќе се оскверни,
30или кога љубоморен дух ќе го обземе мажот, и тој почне да љубомори на жена си, тогаш тој нека ја исправи жена си пред Господ, и нека го изврши свештеникот над неа сѐ она според овој закон, —
31ⓝи мажот ќе биде чист од грев, а жената ќе го прими врз себе својот грев.“