1И му рече Господ на Мојсеј во Синајската Пустина во првиот месец од втората година, откако беа излегле од египетската земја, велејќи:
2„Нека направат синовите израелски Пасха во определеното за неа време:
3на четиринаесеттиот ден од тој месец вечерта направете ја во определеното време за неа; според сите прописи пропишани и со сите обреди пропишани за неа направете ја!“
4И им рече Мојсеј на синовите израелски да направат Пасха.
5И направија Пасха во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот вечерта, во Синајската Пустина: како што му заповеда Господ на Мојсеј, така и постапија во сѐ синовите на Израел.
6А имаше луѓе, кои беа нечисти од допир до мртви човечки тела, па не можеа да направат Пасха во оној ден; и дојдоа тие луѓе во оној ден кај Мојсеј и Арон,
7и му рекоа на Мојсеј: „Ние сме нечисти од допир до мртви човечки тела; зошто не ни дозволуваат и ние да му принесеме принос на Господ во определеното време меѓу синовите израелски?“
8
9И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
10
11
12
13
14
15
16Така стануваше секогаш: облак ја покриваше дење и нешто како оган — ноќе.
17И штом облакот ќе се кренеше од скинијата, синовите израелски тргнуваа на пат, и на местото, каде што облакот запираше, таму се сместуваа синовите израелски.
18По заповед на Господ синовите на Израел тргнуваа на пат и по заповед на Господ застануваа: за сето време, додека облакот стоеше над скинијата, стоеја и тие;
19
20Понекогаш, пак, облакот малку време остануваше над скинијата: според знакот Господов тие се запираа и според знакот Господов тргнуваа на пат.
21Понекогаш облакот стоеше само од вечерта до утрината, и наутро облакот се креваше, тогаш и тие тргнуваа; или облакот стоеше и дење и ноќе, и кога ќе се кренеше, тогаш и тие тргнуваа;
22или ако два дена, или цел месец, или подолго време облакот остануваше над скинијата, тогаш и синовите израелски стоеја и не тргнуваа на пат; а кога ќе се издигнеше, тогаш тргнуваа.
23На знакот Господов се запираа и според знакот Господов тргнуваа на пат; го следеа знакот Господов според заповедта на Господ, дадена преку Мојсеј.