Галатјаните 1:1-24 MKDB2006 - Bible AI

1Павле, апостол, повикан не од луѓе, ниту преку човек, туку преку Исус Христос и Бог Отецот, Кој Го воскресна од мртвите,

2и сите браќа што се со мене — до црк­вите во Галатија;

3благодат и мир вам од нашиот Бог Отец и од Господ Исус Христос,

4Кој се даде Себе за нашите гревови, за да нѐ избави од сегашниот зол свет, по волјата на Бога, Кој е наш Отец.

5Нему нека Му е слава во вечни ве­ко­ви. Амин!

6Се чудам што така брзо се одвратувате од Оној Кој ве повика преку благодатта Христова, и преминувате кон дру­го Евангелие,

7зашто и нема друго Евангелие, но има такви кои ве бунат и сакаат да го изопачат Евангелието Христово.

8Но ако и ние самите, или пак ангел од небото ви проповеда нешто спротив­но од она што ви благовестевме ние, не­ка биде проклет!

9Како што рековме порано, и сега пак повторувам: оној што ви благовестува некое поинакво Евангелие од она што го примивте — нека биде проклет!

10Во луѓето ли сега барам благона­клонетост, или во Бога? Или, пак, на луѓето ли сакам да им угодувам? Ако бев сакал да им угодувам на луѓето, не­маше да бидам Христов слуга.

11Браќа, ве известувам дека Еван­ге­лието, кое јас Го проповедав, не е од лу­ѓе,

12зашто јас ниту сум го примил, ниту сум го научил од човек, туку преку от­кровение на Исус Христос.

13Сте слушале и за моето некогашно поведение во јудејството, дека пре­ку­мерно ја гонев Божјата црква и ја ра­зорував;

14и дека во јудејството напредував многу повеќе од мнозина мои врсници, бидејќи бев голем ревнител за тат­ков­ските преданија.

15Кога Бог, Кој ме избра уште од мај­чина утроба и ме повика преку Својата благодат, благоволи

16во мене да Го открие Својот Син за да благовестувам за Него меѓу незна­бошците, — веднаш, не го прашав ни те­лото, ниту крвта,

17ниту, пак, отидов во Ерусалим кај оние што станаа апостоли пред мене, туку заминав за Арабија и пак се вратив во Дамаск.

18А три години подоцна отидов во Ерусалим за да се видам со Кифа, и ос­танав кај него петнаесет дена.

19А, пак, од апостолите не видов ни­кој друг, освен Јаков, братот Господов.

20А за она што ви пишувам, еве, пред Бога велам дека не лажам.

21А потоа дојдов во земјите Сириски и Киликиски.

22На Христовите цркви во Јудеја лич­но не им бев познат,

23туку само беа слушале дека оној, кој некогаш нив ги гонел, сега ја про­поведа верата што порано ја разорувал.

24И Го прославуваа Бога за мене.

e>