Галатјаните 2:1-21 MKDB2006 - Bible AI

1И четиринаесет години подоцна пак се искачив во Ерусалим со Вар­нава, а го зедов со себе и Тит.

2Влегов по откровение и им го из­ло­жив на верните, посебно на највидните, Евангелието што го проповедам кај незнабошците, за да не трчам или за да не трчав попусто.

3Па дури ни Тит, кој беше со мене, иако Елин, не беше принуден да се обрезе,

4и тоа заради лажните браќа, кои дојдоа и се вовлекоа да ја гледаат нашата слобода, која ја имаме во Христос Исус, за да нѐ поробат,

5ним ни за час не им дозволивме да нѐ покорат, за да остане во вас вистината на Евангелието.

6А, пак, оние за кои се мисли дека значат нешто — какви и да биле тие не­когаш, мене ми е сеедно, Бог не го гле­да човекот по лице — тие ништо не ми дадоа.

7Туку, напротив, кога видоа дека мене ми е доверено да го проповедам Евангелието на необрезаните, како на Петар — на обрезаните,

8зашто Оној, Кој дејствуваше врз Петар да врши апостолска служба меѓу обрезаните, дејствуваше и врз мене за апостолска служба меѓу незнабошците

9и кога ја познаа благодатта што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ја подадоа мене и на Варнава раката за заедништво и се согласија ние да одиме кај незна­бош­ци­те, а тие — кај обрезаните.

10Посакаа само да ги помниме сиро­ма­сите, за што се погрижив и точно да го исполнам.

11А кога дојде Кифа[1] во Антиохија, јас лично му се спротивставив, зашто бе­ше заслужил осудување.

12Имено, пред да пристигнат некои од Јаков, тој јадеше заедно со незна­бош­ците; а кога дојдоа, почна да се снебива и да се двои, бидејќи се плашеше од об­резаните.

13Заедно со него лицемереа и другите Јудејци, така што со нивното лицеме­рие беше заведен дури и Варнава.

14А кога видов дека тие не постапува­ат точно според Евангелската вистина, му реков на Кифа пред сите: „Кога ти, кој си Јудеец, живееш како нез­на­бош­ците, а не како Јудејците, зошто тогаш незнабошците ги принудуваш да жи­ве­ат јудејски?“

15Ние сме родени како Јудејци, а не грешници од незнабошците.

16Но знаеме дека човекот не се оп­равдува преку делата на Законот, туку само преку верата во Христос Исус. За­тоа и ние поверувавме во Исус Христос, за да се оправдаме преку верата во Христос, а не преку делата на Законот; зашто преку делата на Законот нема никој да се оправда.

17Ако, пак, барајќи да се оправдаме во Христос, и сами се најдовме греш­ни­ци, не е ли тогаш Христос слуга на гре­вот? Тоа никако!

18Зашто, ако одново го градам она што сум го урнал, тогаш и сам станувам престапник;

19преку Законот умрев за Законот, за да живеам за Бога. Се распнав заедно со Христос;

20и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и Себе се пре­да­де за мене.

21Не ја отфрлам благодатта Божја; зашто ако праведноста се придобива преку Законот, тогаш Христос залудо умрел.

e>