Галатјаните 5:1-26 MKDB2006 - Bible AI

1Стојте во слободата, со која Христос нѐ ослободи, и не се подавајте пак под ропски јарем!

2Еве, јас, Павле, ви велам: ако се об­р­езувате, Христос ништо нема да ви помогне.

3А му сведочам пак на секој човек што се обрезува дека тој е должен да го почитува целиот Закон.

4Вие, што посакавте да се оправдувате со Законот, Го изгубивте Христос, отпаднавте од благодатта;

5а ние се надеваме и очекуваме оп­равдание од верата преку Духот.

6Зашто во Христос Исус ниту обре­за­нието има сила, ниту необрезанието, ту­ку верата, која дејствува преку љубовта.

7Вие трчавте добро: кој ви попречи да не се покорувате на вистината?

8Тоа убедување не е од Оној Кој ве повика.

9Малку квас го потквасува целото тесто.

10Јас сум уверен за вас во Господ дека вие нема да мислите инаку; а оној, кој ве збунува, — кој и да бил, — ќе претрпи осуда.

11А јас, браќа, ако обрезанието уште го проповедам, тогаш за што ќе ме гонат? Тогаш би исчезнала соблазната од крстот.

12О, да беа отсечени оние што ве бунеа!

13Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг.

14Зашто, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближ­ни­от како самиот себе.

15А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг.

16Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти.

17Зашто, телото сака противни рабо­ти на духот, а духот — противни на телото; тие се спротивни еден на друг, за да не го правите она што сакате.

18Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.

19Делата на телото се познати. Тие се: блудство, нечистота, бесрамност,

20служење на идоли, маѓии, непријателство, кавги, ревнување, гнев, раздо­ри, расцепи,

21зависти, пијанство, пирови и други слични работи; однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо.

22А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност,

23кротост, воздржливост. Против такви нема закон.

24Оние, пак, кои се Христови, го рас­пнаа телото свое со страстите свои и похотите.

25Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме.

26Да не бараме лажна слава, еден друг да не се предизвикуваме, еден на друг да не си завидуваме.

e>