Галатјаните 6:1-18 MKDB2006 - Bible AI

1Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го та­ков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани.

2Поднесувајте го товарот еден на друг и исполнувајте го така законот Христов.

3Зашто оној, кој сам себе се смета за нешто, а не е ништо, тој се мами самиот себе.

4Секој нека си ги испита делата свои и тогаш ќе има пофалба пред себе са­ми­от, а не пред друг.

5Зашто секој ќе го понесе својот то­вар.

6А оној што се учи на словото, нека му дава дел од секое добро на оној што го учи.

7Не лажете се: Бог не е за подигрува­ње. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее.

8Кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот.

9Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, ако не се измориме.

10И така, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера.

11Гледајте со колку големи букви ви напишав со својата рака.

12Оние што сакаат да се фалат по тело, тие ве принудуваат да се обрезувате само за да не бидат гонети поради крстот Христов.

13Зашто, и оние што се обрезуваат, сами не го почитуваат Законот, а сакаат вие да се обрезувате за да се пофалат со вашето тело;

14а мене, да не ми даде Господ да се фалам со ништо друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого за мене светот е распнат, а и јас за светот.

15Зашто во Исус Христос ниту обре­занието има некаква сила, ниту необрезанието, туку новото создание.

16На оние што постапуваат и по тоа правило, и отсега натаму нека биде мир и милост, ним и на Израел Божји!

17И така, никој да не ми досадува веќе, зашто јас ги носам на своето тело белезите на Исус.

18Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, нека биде со вашиот дух, браќа. Амин!

e>