Даниел 1:1-21 MKDB2006 - Bible AI

1Во третата година од царувањето на јудејскиот цар Јоаким се крена вавилонскиот цар Навуходоносор против Ерусалим и го опседна.

2И го предаде Господ во раката негова јудејскиот цар Јоаким и дел од са­довите на домот Божји, и тој ги испрати во земјата Сенаар[1], во домот на него­виот бог, и ги внесоа тие садови во риз­ницата на неговиот бог.

3И му рече царот на Ашпеназ, начал­никот на дворјаните, да му доведе од синовите Израелови, од царски и кне­жевски род,

4момчиња кои немаа никаков телесен недостаток, лични за гледање и способни за секаква наука, добро воспитани, бистри, што ќе одговараат за служење во царските палати, и да ги научи хал­дејски јазик.

5И определи царот секојдневна храна од царската трпеза и вино што сам го пиеше, па заповеда да ги одгледуваат три години, а потоа да се појават пред царот.

6Меѓу нив беа од Јудините синови Даниел, Ананија, Мисаил и Азарија.

7Тогаш началникот на дворјаните им ги смени имињата: Даниел го нарече Валтазар, Ананија — Седрах, Мисаил — Мисах и Азарија — Авденаго.

8Даниел науми да не се осквернува со јадењето од царската трпеза и од виното што го пиеше царот, па затоа го за­моли началникот на дворјаните да не го принудува да се осквернува.

9Бог му даде на Даниел милост и благонаклоност кај началникот на дворјаните.

10И така, началникот на дворјаните му рече на Даниел: „Се плашам од својот господар, царот, кој лично ја определи храната и пиењето; ако ги види вашите лица послаби, отколку што се кај момчињата, вашите врсници, вие ќе го доведете во опасност мојот живот пред царот.“

11Тогаш Даниел му рече на чуварот, кого го беше поставил над Даниел, Ананија, Мисаил и Азарија началникот на дворјаните:

12„Обиди се со слугите свои — десет дни нека ни даваат зеленчук како храна и вода како пиење;

13а потоа нека се јават пред тебе нашите лица и лицата на оние момчиња што се хранат од царската трпеза, па потоа постапувај со слугите свои, како што ќе мислиш да е добро.“

14Тој ги послуша во тоа и направи таков обид со нив десет дена.

15По десетте дена лицата нивни из­гледаа поубави, а и телесно беа пополни од сите оние момчиња, што се хра­неа со царските јадења.

16Оттогаш чуварот им даваше зелен­чук, наместо царската храна.

17И им дарува Бог на четирите мом­чиња знаење и разбирање на секаква книга и мудрост, а на Даниел му подари уште да толкува и секакви виденија и соништа.

18Откако завршија деновите, кога царот беше заповедал да ги претстават, началникот на дворјаните ги претстави пред Навуходоносор.

19Царот зборуваше со нив и од сите момчиња не се најде ниту едно како што беа Даниел, Ананија, Мисаил и Азарија, и потоа тие почнаа да служат пред царот.

20И во сѐ, за што се бараше мудрост и разбирање, и за што и да ги прашаше царот, ги најде за десетпати подобри од сите гатачи и гледачи, колку што ги имаше во целото негово царство.

21И остана таму Даниел до првата го­дина на царот Кир.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>