Даниел 10:1-21 MKDB2006 - Bible AI

1Во третата година на персискиот цар Кир дојде откровение до Даниел, кој се викаше Валтазар, и вистинско беше тоа откровение и со голема сила. Тој го разбра тоа откровение и го објасни тоа видение.

2Во тие дни јас, Даниел, тагував цели три седмици.

3Богата храна не јадев; месо и вино не влезе во устата моја, и не се мачкав со масла додека не завршија трите седмици.

4А во дваесет и четвртиот ден од првиот месец, се најдов покрај брегот на големата река Тигар;

5ги кренав очите угоре и видов: ете еден човек, облечен во ленена облека, а крстот му беше препашан со офирско злато.

6Телото негово изгледаше како топаз, лицето — како светкавица — очите му беа како запалени светила, рацете негови и нозете негови изгледаа како сјаен бакар и гласот на зборовите него­ви како глас на многу луѓе.

7И само јас, Даниел, го видов тоа видение, а луѓето што беа со мене не го видоа тоа видение; но страв голем ги обзеде, и тие избегаа за да се сокријат.

8Останав сам и го гледав тоа големо видение, но во мене не остана сила и лицето ми пребледе многу, не остана во мене бодрост.

9И го чув гласот на зборовите негови; и штом го чув гласот на зборовите него­ви, ненајдено паднав во несвест и лежев со лицето кон земјата.

10Но ете, рака една се допре до мене и ме исправи на колената мои и на дланките од рацете мои.

11Па ми рече тој: „Даниеле, сакан чо­веку, задлабочи се во зборовите што ќе ти ги кажам, и исправи се на нозете свои, зашто кај тебе сум денеска испра­тен.“ Штом ми ги кажа тие зборови, јас станав растреперен.

12Но тој ми рече: „Не бој се Даниеле! Од првиот ден кога го управи срцето свое за да постигнеш разбирање и да се понизиш пред твојот Бог, зборовите твои беа услишени, и јас сакав да дојдам според зборовите твои.

13Но кнезот на персиското царство ми се противеше дваесет и еден ден; но Михаил, еден од првите кнезови, дојде да ми помогне зашто јас бев таму сам, кај персискиот цар.

14А сега дојдов да ти соопштам, што ќе се случи со твојот народ во последните времиња, зашто видението се однесува за далечни дни.“

15Додека ми зборуваше такви зборо­ви, јас гледав во земјата, без да изустам збор.

16Но ете, еден сличен на синовите човечки се допре до усните мои и јас ја отворив устата своја, почнав да зборувам и му реков на оној што стоеше пред мене: „Господаре мој, од ова видение утробата во мене се преврте и во мене не остана сила.

17Па како може слугата Твој, Госпо­ди, да зборува со мојот Господар? Заш­то во мене нема сила, и останав без здив.“

18Тогаш пак се допре до мене тој чо­вечки лик, ме поткрепи

19и рече: „Не бој се, сакан човеку, мир да имаш; охрабри се, охрабри се!“ и кога зборуваше тој со мене, јас се закре­пив и реков: „Зборувај, Господи мој, зашто ти ме поткрепи.“

20И тој ми рече: „Знаеш ли зошто дојдов кај тебе? сега ќе се вратам за да се борам со персискиот кнез; а штом ќе завршам, ќе дојде кнезот на Јаван.

21Но јас ќе ти соопштам што е напи­шано во вистинското писмо; и нема ни­кој друг, што ќе ми помогне во тоа, освен Михаил, вашиот кнез.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>