1„И така, од првата година на Мидјанинот Дариј јас му станав помошник и поткрепа.
2ⓝСега ќе ти ја кажам вистината: еве, уште тројца цареви ќе се издигнат во Персија; потоа четвртиот ќе ги надмине сите со големо богатство, и кога ќе го намножи богатството свое, ќе ги крене сите против царството на Јаван.
3ⓞПотоа ќе се појави силен цар, кој ќе владее со голема власт и ќе дејствува според својата волја[6].
4ⓟНо, кога ќе се издигне тој, царството негово ќе се сруши и ќе се раздели на четири делови и нема да помине на неговите потомци, и не со таква власт, со која тој господареше; затоа што царството негово ќе се растури и ќе падне на други, а не на нив.
5И јужниот цар ќе се засили, и еден од кнезовите негови ќе стане посилен од него и ќе владее, и власта негова ќе биде голема.
6Но по неколку години тие ќе се спријателат и ќерката на јужниот цар ќе дојде кај северниот цар за да склучи договор; но таа нема да ја задржи силата во рацете свои, и нема да го одржи нејзиниот род, туку тие ќе бидат убиени, како таа, така и оние, што ќе ја придружуваат; и родениот од неа, како и оние што ѝ помагале во тоа време.
7Но ќе се издигне фиданка од коренот нејзин, ќе дојде против војската, ќе влезе во тврдините на северниот цар, ќе ги победи и ќе ги покори.
8ⓠДури и боговите нивни, идолите нивни заедно со скапите садови, сребрени и златни, ќе ги однесе како плен во Египет и неколку години ќе владее посилно од северниот цар.
9И тој, ќе влезе во царството на јужниот цар, но ќе се повлече во земјата своја.
10ⓡПотоа, ќе се вооружат синовите негови и ќе соберат многубројна војска; а еден од нив брзо ќе замине, ќе поплави и ќе замине, и ќе се бори со него до тврдината негова.
11ⓢИ јужниот цар ќе се налути, па ќе излезе да војува со него, со северниот цар, и ќе изведе голема војска и ќе ја зароби војската на северниот цар.
12Тогаш војската ќе се охрабри, и срцето на царот ќе се возгордее; тој ќе собори многу илјади, но нема да се одржи,
13бидејќи северниот цар ќе се врати и ќе изведе повеќе војска од поранешната и по неколку години ќе дојде со голема, добро опремена војска.
14Во тоа време мнозина ќе станат против јужниот цар, и бунтовниците меѓу синовите на твојот народ ќе се кренат, за да се исполни видението, но ќе паднат.
15ⓣИ ќе дојде северниот цар, ќе направи опкоп и ќе го завладее укрепениот град, и нема да се додржат мишките на југ, ниту неговата избрана војска: ќе нема сила да се спротивстави.
16ⓤИ ќе дејствува според неговата волја и никој не ќе може да устои пред него; и живеалиштето свое ќе го постави во Красната земја, и таа ќе настрада од раката негова.
17ⓥИ ќе науми да навлезе во царството негово со сите сили, и ќе му ја даде ќерката своја за жена, за да го погуби, но таа намера нема да се исполни.
18Потоа ќе се сврти кон островите и ќе завладее многу од нив; но еден водач ќе го прекрати нанесениот срам од него и за срамот срам ќе му возврати.
19ⓦПотоа ќе се врати кон тврдините на својата земја, но ќе се сопне, ќе падне и тоа ќе му биде крајот.
20ⓧНа негово место ќе се издигне друг што ќе наметне данок за да мине по царството во екот на славата. Но и тој по неколку дни ќе загине, и тоа не јавно, ниту во бој.
21ⓨА на негово место ќе се издигне еден никаквец, кој и нема право да биде цар, но со лукавство и со лаги ќе го освои царството.
22ⓩОние што ќе му се противат ќе бидат потопени и победени од него, дури и Кнезот на сојузот.
23ⓐИ покрај склучениот сојуз со него, тој ќе дејствува со измама и ќе го совлада и ќе се одржи на врвот со малку народ.
24ⓑТој ќе влезе во мирни и плодни краишта и ќе го прави она што не го правеле татковците негови и татковците на татковците негови; пленот, заграбениот имот и богатството ќе го троши како свое. Ќе помислува и тврдини да напаѓа, но само за некое време.
25Потоа ќе се охрабри духот негов и со многубројна војска ќе се крене против јужниот цар; јужниот цар ќе излезе во војна со голема и уште посилна војска, но нема да се додржи, зашто против него ќе има заговор.
26Дури и оние што јадат леб со него ќе му станат убијци, и војската ќе му се уништи, па така многумина ќе паднат убиени.
27ⓒВо срцето на двата цара ќе има сплетки, и ќе седнат на една трпеза и ќе зборуваат лага, но нема ништо да се случи, зашто крајот е одложен до определеното време
28и така ќе се врати тој во својата земја со големо богатство и со непријателска замисла против светиот завет, ќе го направи своето и ќе се врати во земјата своја.
29Во определеното време тој пак ќе појде против југ, но последниот поход нема да биде како поранешниот,
30ⓓбидејќи истовремено против него ќе појдат китимските кораби, тој ќе се исплаши и ќе се врати, ќе беснее против светиот завет и пак ќе се договори со противниците на светиот завет.
31ⓔИ ќе постави определен одред војска што ќе го осквернува светилиштето — тврдината, ќе ја укине секојдневната жртва и ќе го постави Гнасниот Пустошник.
32Со лукавство ќе ги привлече кон себе оние што се огрешиле против заветот; но луѓето кои Го почитуваат својот Бог, ќе опстојат и ќе се спротивстават.
33ⓕИ разумните од народот ќе вразумуваат мнозина, но извесно време ќе страдаат од меч и оган, од ропство и грабеж.
34ⓖИ во времето на страдањето свое само малкумина ќе им помагаат, а повеќето ќе се присоединат кон нив дволично —
35ⓗи од разумните некои ќе пострадаат за да се испитаат, очистат, и обелат за последното време, зашто уште има време до рокот.
36ⓘИ ќе постапува тој цар според својата волја, ќе се крене и ќе се возвеличи повисоко од секое божество, ќе почне да хули на Бога над боговите и ќе успева, сѐ додека не се исполни гневот; зашто, она што е предопределено, тоа и ќе се изврши.
37За боговите на татковците свои нема ни да помисли, ни за богот што го сакаат жените, дури ни никакво божество нема да уважува, бидејќи ќе се возгордее погоре од сите.
38Место нив, ќе го слави богот на тврдините, богот што татковците негови не го знаеле, ќе го чести со злато и сребро и драгоцени камења, место Бога Кој е најсилен.
39Ќе ги брани своите тврдини со народ кој му служи на туѓ бог. На оние, што ќе го признаваат, ќе им ги зголемува почестите и ќе им дава власт над мнозина и земја ќе раздава како награда.
40ⓙКон крајот на времето јужниот цар ќе се судри со него и северниот цар ќе се впушти како бура врз него со коли, коњаници и многубројни кораби, ќе нападне на областите, ќе ги поплави и ќе мине преку нив.
41ⓚИ ќе влезе во Красната земја, а многу области ќе пострадаат, од раката негова ќе се спасат само Едом, Моав и остатокот од синовите Амонови.
42Ќе ја протегне раката своја врз разни земји; нема да се спаси ни земјата египетска.
43ⓛЌе освои златни и сребрени ризници и разни скапоцени работи од Египет; Либијците и Етиопјаните ќе тргнат по него.
44Но гласовите од исток и од север ќе го смутат, па тој ќе излезе со најголема јарост за да истребува и погубува мнозина,
45ⓜи ќе ги распне царските шатори меѓу морето и гората на преславното светилиште; но ќе му дојде крајот, и никој нема да му помогне.“