1ⓝ„И во тоа време ќе се крене Михаил, големиот кнез, кој ги брани синовите на твојот народ, и ќе настане време тешко, какво што немало откако постојат луѓето, па сѐ до денес; но ќе се спасат во тоа време од твојот народ сите, кои ќе се најдат дека се запишани во Книгата.
2ⓞИ многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат — едни за живот вечен, а други за вечен срам.
3ⓟРазумните ќе сјаат како светила на небото, и оние што мнозина повратиле кон правда — како ѕвездите, во веки, засекогаш.
4ⓠА ти, Даниеле, сокри ги овие зборови и запечати ја оваа книга до последното време; мнозина ќе талкаат овде-онде, обидувајќи се да разберат што се случува.“
5ⓡТогаш јас, Даниел, погледав и ете пред мене стојат други двајца, еден од едната страна на реката, а друг од другата страна на реката.
6ⓢЕдниот му рече на човекот со ленена облека, кој стоеше над реката: „Кога ќе биде крајот на овие чудни работи?“
7ⓣИ чув, кога човекот со ленената облека, што се наоѓаше над реката, откако ја крена десната и левата рака кон небото, се заколна во вечно Живиот дека сето тоа ќе се изврши за време од три и пол години, кога ќе заврши истоштувањето на Светиот Народ.
8Јас го чув тоа но не го разбрав, па затоа прашав: „Господаре мој, како ќе заврши сето тоа?“
9ⓤТој одговори: „Оди си Даниеле, зашто тие зборови се сокриени и запечатени до последното време.
10ⓥМногумина ќе се очистат, ќе се избелат и ќе бидат искушани; безбожниците ќе си останат безбожни, и никој од нив нема тоа да го разбере, само мудрите ќе разберат.
11ⓦОд времето, кога ќе се прекрати секојдневната жртва и ќе се постави Гнасниот Пустошник, ќе минат илјада двесте и деведесет денови.
12ⓧБлажен е оној што чека и ќе дочека илјада триста триесет и пет дена.
13ⓨА ти оди кон својот крај, и отпочини. И ќе останеш да го добиеш својот дел на крајот од времето.“