1
2
3Тогаш ги донесоа златните садови кои беа земени од светилиштето на домот Божји во Ерусалим и пиеја од нив царот и достоинствениците негови, жените негови и конкубините негови.
4
5Во истиот момент се појавија прсти од човечка рака и пишуваа спроти светилникот на ѕидот од царскиот дворец, и царот ги виде прстите на раката што пишуваше.
6
7
8
9Царот Валтазар се разгневи многу и пребледе уште повеќе, а се смутија и достоинствениците негови.
10Царицата, пак, ги чу зборовите на царот и на достоинсвениците негови и влезе во собата каде што беше гозбата; проговори царицата и рече — „Царе, да си жив довека, да не те вознемируваат мислите твои и да не пребледува лицето твое.
11Во царството твое има човек, во кого е духот на Светиот Бог; во деновите на твојот татко се најде во него светлина, разум и мудрост како мудроста на боговите и царот Навуходоносор, твојот татко, го постави како управник над јасновидците, волшебниците и гледачите,
12бидејќи во него, во Даниел, кому царот му го промени името во Валтазар, се најде висок дух, знаење и разум способен да толкува соништа, да толкува загадочни работи и да разјаснува тајни. Затоа нека го повикаат Даниел, и тој ќе го објасни значењето.“
13Тогаш го воведоа Даниел кај царот, и царот проговори и му рече на Даниел: „Ти ли си Даниел, еден од заробените синови јудејски, кого мојот татко, царот, те доведе од Јудеја?
14Сум слушал за тебе дека во тебе има дух Божји и светлина и разум и голема мудрост.
15Еве, ми ги доведоа мудреците и маѓесниците за да го прочитаат она што е напишано и да ми објаснат што значи тоа; но тие не можеа да ми објаснат.
16За тебе сум чул дека можеш да го објасниш значењето и да разјаснуваш тајни; па така, ако можеш да го прочиташ она, што е напишано и ми објасниш што значи, ќе бидеш облечен во скерлет и околу вратот твој ќе има златна веришка, а во царството мое ќе бидеш трет достоинственик.“
17Тогаш Даниел одговори и му рече на царот: „Даровите нека ти останат тебе, а почестите дај му ги на друг; а напишаното ќе му го прочитам на царот и значењето ќе му го објаснам.
18Царе, Севишниот Бог беше му дарувал на татко ти Навуходоносор царство, величие, чест и слава.
19Пред величието што му го беше дал Тој, сите народи, племиња и јазици трепереа и се плашеа — кого сакаше го убиваше и кого сакаше — го оставаше жив; кого сакаше го издигаше, и кого сакаше го понижуваше.
20
21
22
23
24Заради тоа и се појавија од Него тие прсти од рака и е напишано ова писмо.
25А еве што е напишано: Мене, Мене, Текел, Парсин.
26
27
28
29
30