Даниел 8:1-27 MKDB2006 - Bible AI

1Во третата година од царувањето на царот Валтазар, јас Даниел, имав второ видение по оние што ми се беа јавиле порано.

2И видов во видението, и кога гледав, јас бев во Суза, престолнината на Еламската област, и видов во видението како да бев покрај реката Улај.

3Ги кренав очите и видов: а таму покрај реката стои еден овен: тој имаше два рога, обата високи, но едниот беше повисок од другиот и повисокиот израсна подоцна.

4Видов како тој овен бодеше кон запад, кон север и кон југ и ниеден ѕвер не можеше да устои против него, и никој не можеше да се избави од него; тој вршеше што сакаше и се осили.

5Со внимание го гледав тоа и ете, од запад идеше еден козел, со таква брзина што не го допираше тлото; и тој козел имаше силен рог меѓу очите свои.

6Се впушти врз оној овен што имаше рог и кога го видов како стои крај реката, тој се фрли врз него со силна јарост.

7И видов кога тој се приближи до овенот, свирепо се фрли на него и му ги скрши двата рога; и на овенот не му стигаа силите да устои против него, па затоа го кутна на земја и го згази, и немаше никој овенот да го избави од него.

8Тогаш козелот многу се возгордеа; но кога се засили, големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа че­тири, свртени спрема четирите страни на светот.

9И од едниот од нив излезе мал рог, кој нарасна многу спрема југ и спрема исток и спрема Ветената Земја,

10па се издигна до небесната војска, собори на земјата дел од таа војска и од ѕвездите и ги смачка;

11се издигна дури и до Водачот на таа војска, ги запре секојдневните жртви и го урна местото на Неговата светиња;

12и народот беше предаден заедно со секојдневните жртви поради бесчестието; а тој, откако ја собори вистината на земјата, дејствуваше и успеваше.

13И чув како еден ангел прашуваше друг, велејќи: „До кога ќе трае тоа од видението за секојдневната жртва и за бесчесното опустошување, што ги пази светилиштето и војската небесна?“

14Другиот му рече: „Две илјади и три­ста вечери и утрини[2]; и тогаш свети­лиштето ќе се очисти.“

15И кога јас, Даниел, го гледав тоа видение и замолив за неговото значење, ете пред мене застана некаков лик на човек.

16И чув од средината на реката Улај човечки глас, кој извика и рече: „Гав­риле, објасни му го тоа видение!“

17И се приближи тој до местото каде што стоев и кога дојде, јас се уплашив и паднав ничкум; а тој ми рече — знај сине човечки дека видението се однесува на крајот од времето.

18И кога зборуваше тој со мене, јас лежев ничкум на земјата во несвест; но тој се допре до мене и ме исправи на моето место,

19па ми рече: „Еве ти откривам што ќе биде во последните денови на гневот; зашто тоа се однесува на крајот од определеното време.

20Овенот што го виде — неговите два рога — тоа се мидискиот цар и персискиот.

21А косестиот козел е царот на Јаван, додека големиот рог што се наоѓа меѓу неговите очи, тоа е нејзиниот прв цар:

22Четирите рога што израснаа кога првиот се скрши, тоа се четирите цар­ства што ќе произлезат од тој народ, но нема да ја имаат неговата сила.

23А кон крајот на царството нивно, кога отстапниците ќе ја исполнат мерката на своите беззаконија, ќе се издигне еден цар бесрамен и искусен во сплеткарење;

24неговата моќ ќе се зацврсти, иако не со неговата сила; тој ќе врши големи пустошења и ќе успева, ќе дејствува и ќе погубува јунаци и народи на светиите;

25заради лукавоста негова ќе напредува и сплеткарството во раката негова; во срцето ќе се возгордее и без повод ќе погуби мнозина; тој ќе се крене против Кнезот над кнезовите, но ќе биде победен — не со човечка рака.

26А и видението за вечерта и утрината за кое ти се рече ќе се исполни, но ти сокри го тоа видение зашто се однесува на далечни времиња.“

27Јас, Даниел, истоштен и болен бев неколку дни, потоа станав и почнав да се занимавам со царските работи; се чу­дев на тоа видение и не го разбирав.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>