Дела 10:1-48 MKDB2006 - Bible AI

1Во Кесарија имаше еден човек, по име Корнилиј, стотник од таканаречената Италска чета.

2Тој беше благочестив и богобојазлив човек, заедно со целиот негов дом; изобилно му даваше милостина на народот и секогаш Му се молеше на Бога.

3Еднаш околу деветтиот час[12] од де­нот, тој виде најаве ангел Божји, како доаѓа кај него и му вели: „Корнилиј!“

4А тој го впери погледот во него и си­от уплашен рече: „Што е Господи?“ Тој му рече: „Бог си спомна за молитвите твои и милостините твои.

5И сега, прати луѓе во Јопија и по­викај го Симон, кого го викаат Петар.

6Тој престојува таму како гостин кај некој си кожар Симон, чија куќа се на­оѓа покрај морето[13].“

7Кога си отиде ангелот што му зборуваше, Корнилиј повика двајца од своите слуги и еден благочестив војник, кои постојано се наоѓаа кај него;

8па, откако им кажа сѐ, ги прати во Јопија.

9Утредента, додека тие патуваа и на­ближуваа до градот, Петар околу шес­тиот час[14] се качи на рамниот пок­рив од куќата да се помоли.

10И бидејќи беше огладнел, сакаше нешто да јаде; а додека му приготвуваа, тој падна во занес,

11и го виде небото отворено и некаков сад како слегува кон него, сличен на не­кое големо платниште, врзано за че­ти­рите краишта, и се спушташе на земјата.

12Во него имаше секакви четиринож­ни животни, ѕверови, влекачи земни и птици небески.

13И дојде глас кон него: „Петре, ста­ни, заколи и јади!“

14А Петар рече: „Никако, Господи, зашто никогаш не сум јадел погано или нечисто.“

15И повторно дојде глас кон него: „Она што Бог го очистил, ти не го сме­тај за нечисто!“

16Тоа се повтори трипати, а садот пак се крена кон небото.

17И додека Петар беше во недоумица што значи тоа видение што го виде, ете ги луѓето, испратени од Корнилиј, кои откако се распрашаа и го најдоа домот на Симон, застанаа пред портата.

18Тогаш повикаа и прашаа: „Овде ли гостува Симон, наречен Петар?“

19И додека Петар размислуваше за видението, Духот му рече: „Ете, те ба­раат тројца луѓе.

20Туку стани, слези и оди со нив, не размислувајќи ништо; зашто Јас ги пратив!“

21Штом слезе кај луѓето, испратени од Корнилиј кај него, Петар рече: „Јас сум тој, кого го барате. Зошто сте дош­ле?“

22А тие му одговорија: „Стотникот Корнилиј, човек праведен и богобојаз­лив, познат по своите добрини меѓу си­от јудејски народ, прими заповед од свет ангел да те повика во својот дом и да ги послуша твоите зборови.“

23Тогаш Петар ги повика внатре и ги нагости. А утрината стана и отиде со нив; со него заминаа и некои браќа од Јопија.

24Следниот ден тие пристигнаа во Кесарија. А Корнилиј ги чекаше, по­ви­кувајќи ги своите роднини и блиски пријатели.

25Додека Петар влегуваше, Корнилиј му дотрча во пресрет, падна пред нозете негови и му се поклони.

26А Петар го подигна и му рече: „Стани, и јас сум само човек.“

27И така разговарајќи со него, влезе внатре, каде што најде мнозина соб­рани.

28И им рече: „Вие знаете дека на чо­век Јудеец му е забрането да се дружи или да оди кај човек од друг род. Но ме­не Бог ми покажа ниеден човек да не го нарекувам поган или нечист.

29Затоа, кога бев поканет, дојдов без двоумење. Сега ве прашувам, зошто ме повикавте?“

30И Корнилиј одговори: „Пред че­ти­ри дена, сѐ до овој час постев, а во де­веттиот час се молев во својот дом. Одеднаш, пред мене застана човек во светла облека,

31и ми рече: ‚Корнилиј, твојата мо­литва е услишена, и за твоите милостини Бог Си спомна.

32Затоа прати некого во Јопија и по­викај го Симон, наречен Петар; тој сега престојува на гости кај Симон Ко­жа­рот, покрај морето[15].‘

33Затоа јас веднаш пратив луѓе по те­бе, и ти добро направи што дојде. Сега, пак, ние сите стоиме пред Бога за да слушнеме сѐ што ти е од Бога за­по­ве­дано.“

34Тогаш Петар ја отвори устата и ре­че: „Навистина сфаќам дека Бог не гле­да на лице;

35туку, напротив, Нему му е мил во секој народ оној кој има страхопочит кон Него и постапува праведно.

36Тој им го прати на синовите Из­ра­елови словото, благовестувајќи мир преку Исус Христос, Кој е Господ на сите.

37Вие знаете за сето она што се слу­чуваше по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го про­поведаше Јован:

38како Го помаза Бог со Дух Свети и со сила Исус од Назарет, и како Тој оде­ше вршејќи добри дела и исцелувајќи ги сите што беше ги нападнал ѓаволот, зашто Бог беше со Него.

39И ние сме сведоци за сѐ што на­пра­ви Тој во земјата Јудејска и во Еру­са­лим. Него Го убија, приковувајќи Го на крст.

40Него Бог Го воскресна на третиот ден и Му даде да се појави,

41но не на сиот народ, туку само нам, предизбрани од Бога сведоци, кои јадев­ме и пиевме со Него по Неговото вос­креснување од мртвите.

42И ни заповеда да им проповедаме на луѓето и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија над живите и мртвите.

43Сите пророци сведочат за тоа дека секој што ќе поверува во Него, ќе добие простување на гревовите преку Него­во­то име.“

44Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Дух Свети слезе над сите што го слушаа словото.

45А обрезаните верници, што беа дојдени заедно со Петар, се изненадија што дарот на Светиот Дух се излеа и над незнабошците,

46зашто ги слушаа како зборуваат на разни јазици и Го возвеличуваат Бога. Тогаш Петар рече:

47„Може ли некој да ја забрани водата за да не бидат крстени оние кои Го примија Духот Свети како и ние?“

48И им заповеда да бидат крстени во името на Исус Христос. Потоа тие го замолија да остане кај нив неколку де­на.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>