Дела 11:1-30 MKDB2006 - Bible AI

1Апостолите и браќата во Јудеја, слушнаа дека и незнабошците го примиле словото Божјо.

2И кога Петар влезе во Ерусалим, обрезаните што беа со него го укорија,

3велејќи: „Ти си бил кај необрезани луѓе и си јадел со нив.“

4А Петар почна да им расправа за сѐ по ред, велејќи:

5„Јас бев во градот Јопија, и, додека се молев, во занес здогледав видение: од небото слегуваше некаков сад, како не­кое платниште, врзано за четирите кра­ишта, и дојде дури до мене.

6Откако погледав во него и го разгле­дав, видов четириножни земни животни, ѕверови, влекачи и птици небески.

7И чув глас што ми зборуваше: ‚Ста­ни Петре, заколи и јади!‘

8Јас, пак, реков: ‚Не, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во устата моја.‘

9А гласот од небото повторно прого­вори и рече: ‚Она што Бог го очистил, ти не го сметај за погано!‘

10Тоа се повтори трипати; и пак се крена на небото.

11И ете, во тој час застанаа тројца лу­ѓе, испратени кај мене од Кесарија.

12А Духот ми рече да појдам со нив, без двоумење. Со мене дојдоа и овие шестмина браќа, и влеговме во куќата на оној човек.

13Тој ни раскажа како видел ангел во куќата своја, кој застанал и му рекол: ‚Прати во Јопија луѓе и повикај го Си­мон, наречен Петар.

14Тој ќе ти каже зборови, преку кои ќе бидеш спасен ти и целиот твој дом.‘

15И кога почнав јас да зборувам, над нив слезе Духот Свети, како и над нас во почетокот.

16Тогаш се сетив на зборовите Гос­по­дови: ‚Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Дух Свети.‘

17Ако, Бог им даде еднаков дар, како и нам, кои поверувавме во Господ Исус Христос, тогаш кој сум јас да Му се спротивставам на Бога?“

18Откако го ислушаа тоа, тие се ус­по­ко­ија и Го прославуваа Бога, велејќи: „Значи и на незнабошците Бог им даде покајание за живот.“

19А оние, што се беа распрснале по­ради гонењето до кое дојде по убиството на Стефан, стигнаа сѐ до Феникија, Кипар и Антиохија, и никому не му го проповедаа словото, освен на Јудејците.

20А некои од нив — Кипрани и Ки­ри­нејци, штом пристигнаа во Антиохија, почнаа да им проповедаат и на Ели­ни­те, навестувајќи го Евангелието на Гос­под Исус.

21И раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обратија кон Господ.

22Веста за тоа дојде до ушите на црквата ерусалимска. И тогаш го испратија Варнава да оди во Антиохија.

23А тој, кога пристигна, ја виде благодатта Господова, се зарадува, и ги бод­реше сите да пребиваат во Господ со не­поколебливо срце.

24Тој беше добар човек и исполнет со Дух Свети и вера. И значително мнош­тво луѓе се припои кон Господ.

25Потоа, Варнава тргна за Тарс да го бара Савле.

26И кога го најде, го доведе во Анти­о­хија. И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа големо мноштво луѓе. Во Антиохија за прв пат ги на­ре­коа учениците христијани.

27А во тоа време слегоа од Ерусалим во Антиохија некои пророци.

28И еден од нив, по име Агав, претскажа преку Духот дека по целата вселе­на ќе настане голем глад. И токму так­ва голема и настана во времето на ца­рот Клавдиј.

29Тогаш учениците решија, секој, колку што има, да испрати за поткрепа на браќата, што живееја во Јудеја.

30Тоа го направија, така што го пра­тија собраното до старешините преку Варнава и Савле.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>