1Во Иконија тие заедно влегоа во јудејската синагога, и зборуваа така, што мнозина Јудејци и Елини поверуваа.
2А Јудејците, што не поверуваа, ги побунија и раздразнија духовите на незнабошците против браќата.
3
4А народот во градот се раздели: едни беа со Јудејците, а други со апостолите.
5И кога незнабошците и Јудејците, со своите началници се готвеа да ги хулат и да ги каменуваат,
6тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина.
7Таму почнаа да го проповедаат Евангелието.
8Во Листра седеше еден човек, немоќен во нозете. Тој бил сакат од мајчината утроба, не можел да оди никогаш.
9
10па му рече со висок глас: „Тебе ти велам, во името на Господ Исус Христос: исправи се на нозете свои!“ И тој скокна и почна да оди.
11А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и извикаа на ликаонски: „Боговите слегле кај нас во човечки лик!“
12И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, бидејќи тој го водеше зборот.
13Жрецот, пак, на Зевс, чиј кип се наоѓаше пред новиот град, откако доведе јунци и венци пред портата, сакаше заедно со народот да принесе жртва.
14
15
16
17
18И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва, (туку секој да си оди во својата куќа. Додека се наоѓаа таму и поучуваа),
19
20Кога се собраа околу него учениците, тој стана и се врати во градот. Утредента со Варнава заминаа за Дерва.
21И, откако го проповедаа Евангелието во тој град и мнозина придобија за свои ученици, тие се вратија во Листра, Иконија и Антиохија.
22
23
24А потоа минаа низ Писидија, и дојдоа во Памфилија;
25и, откако го проповедаа словото Господово во Перга, слегоа во Аталија,
26
27По нивното пристигнување тие ја собраа црквата, и соопштија за сѐ, што направи Бог со нив и како Тој ја отворил вратата на верата и за незнабошците.
28И таму престојуваа подолго време со учениците.