Дела 16:1-40 MKDB2006 - Bible AI

1Тој пристигна во Дерва и Листра. И ете, таму живееше некој си ученик, по име Тимотеј, син на Ју­деј­ка, која ја прифати верата, и на татко Елин;

2тој ученик беше на добар глас меѓу браќата во Листра и Иконија.

3Павле посака да го земе со себе. За­тоа откако го зеде, го обреза поради Јудејците, кои живееја по тие места; зашто сите знаеја дека татко му е Елин.

4И додека минуваа низ градовите, тие им порачуваа на верните да пазат на одредбите, определени од апостолите и старешините во Ерусалим.

5И така, црквите се утврдуваа во ве­ра­та, а и по број се зголемуваа секој ден.

6Така тие ги преминаа Фригија и Га­латискиот крај, зашто ним не им беше допуштено од Светиот Дух да го про­поведаат словото во Азија.

7А кога дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија; но Духот на Исус не ги пушти.

8И кога ја напуштија Мизија, тие слегоа во Троада.

9Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Ма­ке­до­нец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“

10По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме Евангелието.

11И така, откако отпловивме од Троада, стигнавме право во Самотраки, а утредента — во Неапол,

12и оттаму во Филипи. Тој е главен град во тој дел на Македонија и римска колонија. Во тој град престојувавме не­колку дена.

13А во саботата излеговме надвор од градот покрај една река, каде што имаа обичај да се молат, и кога седнавме, им зборувавме на собраните жени.

14И една богобојазлива жена од гра­дот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле.

15А кога беше крстена таа и нејзини­те домашни, нѐ замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господ, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!“ И нѐ принуди.

16Еднаш, кога одевме на молитва, по патот нѐ сретна една слугинка, која имаше гатачки дух. Таа на господарите свои им донесуваше големи приходи од гатањето.

17И одејќи по Павле и по нас другите викаше, зборувајќи: „Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог! Тие го навестуваат патот на спасението.“

18Ова го правеше таа многу дни. И кога му здодеа на Павле, тој се сврте и му рече на духот: „Ти заповедам во име­то на Исус Христос излези од неа!“ И излезе во истиот час.

19Штом видоа господарите нејзини дека пропадна надежта за нивното бо­га­тење, ги фатија Павле и Сила, и ги довлечкаа на плоштадот кај начал­ни­ци­те.

20И кога ги приведоа пред управ­ни­ци­те, рекоа: „Овие луѓе, што се Јудејци, го бунтуваат нашиот град

21и проповедаат обичаи што нам, ка­ко Римјани, не ни доликува ни да ги примаме, ниту да ги извршуваме.“

22Тогаш се нафрли на нив народот; а управниците, штом им ги раскинаа али­ш­тата, започнаа да ги тепаат со ста­по­ви;

23и, откако ги испотепаа многу, ги фрлија в затвор, а на затворскиот стра­жар му наредија да ги чува добро.

24А стражарот, штом прими таква за­повед, ги фрли во повнатрешниот дел од затворот и нозете им ги стегна во клада.

25На полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Го славеа Бога, а затво­ре­ни­ци­те ги слушаа.

26Одеднаш настана голем потрес, та­ка што и темелите на затворот се по­местија, и веднаш се отворија сите вра­ти и оковите на сите отпаднаа.

27А стражарот на затворот, кога дој­де при свест и ги виде вратите на зат­во­рот отворени, извади меч и сакаше да се убие, зашто помисли дека затво­ре­ни­ци­те избегале.

28Но, Павле викна со силен глас и ре­че: „Не задавај си врз себе никакво зло, бидејќи сите сме овде!“

29А тој побара светло, истрча и растре­перен падна пред Павле и Сила;

30па, откако ги изведе надвор, рече: „Господари, што треба да направам, па да се спасам?“

31А тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!“

32И му го проповедаа словото Гос­по­дово нему и на сите што беа со него во куќата негова.

33Во истиот час таа ноќ тој ги прими дома и им ги изми раните. Потоа вед­наш беше крстен тој самиот и сите не­гови домашни.

34Тогаш ги одведе горе во својата ку­ќа, постави трпеза и се зарадува со це­лиот свој дом, зашто поверува во Бога.

35А кога осамна, војводите пратија судски служители, кои рекоа: „Пушти ги оние луѓе!“

36Затворскиот стражар му соопшти за тоа на Павле: „Градските судии пра­тија да ве ослободам. Затоа, излезете сите и одете си со мир!“

37Но Павле им рече: „Зарем откако нас, римски граѓани, нѐ биеја пред на­родот без суд и нѐ фрлија в затвор, са­ка­ат сега тајно да нѐ пуштат? Не, нека дојдат и сами нека нѐ изведат!“

38Градските служители им го кажаа тоа на градските судии; а тие се уп­ла­шија, кога слушнаа дека се тие римски граѓани.

39И дојдоа, па се извинија пред нив, ги изведоа и ги замолија да излезат од гра­дот.

40А тие, штом излегоа од затворот, отидоа во домот на Лидија, ги видоа браќата, ги утешија и си тргнаа.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>