Дела 18:1-28 MKDB2006 - Bible AI

1Потоа Павле ја напушти Атина и дојде во Коринт.

2Тука сретна еден Јудеец, по име Акила, родум од Понт, кој неодамна дошол од Италија со жена си Прискила, зашто Клавдиј нареди сите Јудејци да го напуштат Рим. Тој дојде кај нив.

3И бидејќи го имаше истиот занает, остана кај нив и работеше. А занаетот им беше да прават шатори.

4И секоја сабота тој зборуваше во си­нагогата и ги убедуваше Јудејците и Елините.

5А кога Сила и Тимотеј пристигнаа од Македонија, Павле беше поттикнат да сведочи пред Јудејците дека Исус е Христос.

6Но, бидејќи тие се противеа и хулеа, тој ги истресе алиштата и им рече: „Крвта ваша — на главите ваши! Јас сум чист. Отсега одам кај незнабошците.“

7И штом замина оттаму, дојде слугата на некој си човек по име Титиј Јуст, кој Го почитуваше Бога, и чија куќа бе­ше до синагогата.

8А Крисп, началник на синагогата, поверува во Господ заедно со целиот свој дом; и мнозина Коринтјани, слу­шајќи го Павле, поверуваа и беа крс­те­ни.

9И му рече Господ на Павле во видение ноќе: „Не плаши се, туку продолжи да зборуваш и не замолкнувај,

10зашто Јас сум со тебе, и никој не ќе посегне да ти направи зло, бидејќи имам многу народ во овој град.“

11Тој остана таму една година и шест месеци и ги поучуваше во словото Бож­јо.

12А кога Галион беше намесник во Ахаја, Јудејците еднодушно го нападнаа Павле и го одведоа на суд,

13велејќи: тој ги учи луѓето да Го почитуваат Бога спротивно на Законот.

14И кога Павле сакаше да одговори, Галион им рече на Јудејците: „Јудејци, ако имаше некоја неправда или зло де­ло, лукаво, веднаш ќе ве ислушав по должност;

15но, штом е препирката за учење и за имиња, и за вашиот Закон, разгледај­те сами, зашто јас не сакам да бидам судија во тие работи.“

16И ги истера од судот.

17Тогаш сите (Елини) го фатија Сос­тен, началникот на синагогата, и го би­еја пред судот, а Галион и не обрнуваше внимание на тоа.

18Откако помина таму уште многу време, Павле се прости со браќата и отплови за Сирија заедно со Акила и Прискила, откако ја острига главата во Кенхреја, бидејќи беше дал завет.

19Кога пристигна во Ефес, ги остави нив таму, а сам тој влезе во синагогата да расправа со Јудејците.

20А кога тие го замолија да остане кај нив подолго време, тој не се согласи,

21туку се прости со нив и рече: „Бездруго празникот што иде треба да го поминам во Ерусалим. Ако даде Бог, пак ќе дојдам кај вас.“ И отплови од Ефес.[19]

22Кога слезе во Кесарија, отиде во Ерусалим да ја поздрави црквата и по­тоа замина за Антиохија.

23Откако престојуваше таму некое време, тргна на пат и ги обиколи по ред пределите на Галатија и Фригија и ги утврдуваше сите ученици.

24И дојде во Ефес некој си Јудеец, по име Аполос, родум од Александрија. Тој беше красноречив човек, упатен во Писмата.

25Беше поучен во патот Господов и со распламнат дух, зборуваше и поу­чу­ва­ше правилно за Господ, иако знаеше са­мо за Јовановото крштение.

26Тој почна да зборува смело во сина­го­гата. Кога го слушнаа Акила и Прис­кила, го примија кај нив и му го из­ло­жија патот Господов поточно.

27А кога тој сакаше да замине за Ахаја, браќата се обратија со писмо до тамошните ученици, за да го примат; и тој кога стигна таму, многу им помогна на верниците преку благодатта,

28бидејќи силно ги побиваше Ју­деј­ци­те пред целиот народ, докажувајќи пре­ку Писмата дека Исус е Христос.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>