1Додека Аполос беше во Коринт, Павле откако мина низ горните земји, дојде до Ефес. Таму сретна некои ученици,
2и им рече: „Кога поверувавте, примивте ли Дух Свети?“ А тие му одговорија: „Ние не сме ни слушнале дека има Дух Свети.“
3Тој им рече: „А како бевте крстени?“ Тие одговорија: „Со Јовановото крштение.“
4
5Кога го слушнаа тоа, тие се крстија во името на Господ Исус.
6
7А вкупно беа околу дванаесет души.
8
9Но, бидејќи имаше некои жестоки противници на верата, кои говореа лошо за патот Господов пред народот, Павле се оддели од нив, ги одвои учениците и секојдневно расправаше во училиштето на некој си Тиран.
10Тоа траеше цели две години, така што сите жители на Азија, како Јудејците, така и Елините, можеа да го слушаат словото за Господ Исус.
11А Бог правеше многу чудеса преку рацете Павлови,
12
13
14Тоа го правеа седумте синови на јудејскиот првосвештеник Скева.
15А лошиот дух одговори и рече: „Исус Го познавам и Павле го знам; но кои сте вие?“
16И скокна на нив човекот, во кого имаше лош дух, и, откако ги совлада, покажа против нив таква сила, што тие, голи и ранети, побегнаа од таа куќа.
17
18И многумина од верниците доаѓаа, та се исповедуваа и ги откриваа своите дела.
19А мнозина од оние, кои правеа магии, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите; дури ја пресметаа и нивната цена и најдоа дека чинат до педесет илјади сребреници.
20Така моќно растеше и се засилуваше словото Господово.
21А кога се сврши тоа, Павле науми, откако ќе ја мине Македонија и Ахаја, да оди во Ерусалим, па рече: „Штом ќе бидам таму, ќе треба да го видам Рим.“
22
23Во тоа време се создаде голем бунт против патот Господов:
24некој си златар, по име Димитриј, кој правеше сребрени храмови за Артемида и на занаетчиите им овозможуваше со тоа не мала заработувачка,
25ги повика нив, а и други работници кои работеа околу такви работи, и им рече: „Другари, познато ви е дека од таа работа зависи нашата благосостојба.
26А, гледате и слушате дека не само во Ефес, туку скоро во цела Азија, тој Павле убеди и заведе доста народ, велејќи дека не се богови оние што се прават со човечки раце.
27
28Кога го слушнаа тоа, се исполнија со гнев, и почнаа да извикуваат велејќи: „Велика е Артемида Ефеска!“
29И целиот град се побуни; еднодушно се втрчаа во театарот, влечејќи ги со себе Македонците Гај и Аристарх, Павловите сопатници.
30А кога Павле сакаше да влезе меѓу народот, учениците не го пуштија.
31Исто така и некои од азиските началници, бидејќи му беа пријатели, испратија кај него и го молеа да не се појавува во театарот.
32И така, едни извикуваа едно, други — друго; зашто меѓу насобраните владееше безредие, и повеќето од нив не знаеја за што се беше собрал народот.
33По предлог на Јудејците беше извикан меѓу народот Александар. Александар даде знак со рака, сакајќи да одржи одбрамбен говор пред народот.
34Но кога дознаа дека е Јудеец, сите извикаа во еден глас и почнаа да викаат околу два часа: „Велика е Артемида Ефеска!“
35А градскиот писар, кога го смири народот, рече: „Луѓе ефесци, кој човек не знае дека градот Ефес е чувар на великата божица Артемида и нејзиниот кип паднат од небото?
36Штом е тоа, пак, неспорно, вие треба да бидете мирни и да не правите ништо непромислено.
37
38Ако, пак, Димитриј и занаетчиите, што се со него, имаат нешто против некого, за тоа постојат судски собири, а има и проконзули: нека се тужат едни со други.
39Ако, пак, нешто друго барате, тоа ќе биде решено во законското собрание.
40Зашто постои опасност да бидеме обвинети за бунт поради денешнава работа, бидејќи нема никаква причина, со која можеме да го оправдаме овој собир.“ Штом го рече тоа, го распушти собирот.