1И штотуку се одделивме од нив отпловивме. Пловејќи стигнавме право во Кос, а на вториот ден во Родос, и оттаму во Патара.
2Таму откако најдовме кораб, кој заминуваше за Феникија, се качивме и отпловивме.
3
4
5А кога изминаа деновите, излеговме и тргнавме на пат, а сите нѐ испраќаа со жените и децата сѐ до крајот од градот. На брегот, пак, паднавме на колена и се помоливме.
6
7А ние го завршивме пловењето од Тир и стигнавме во Птолемаида. Таму ги поздравивме браќата и кај нив останавме еден ден.
8
9Тој имаше четири ќерки девици, кои пророкуваа.
10
11
12Штом го чувме тоа, и ние и тамошните го молевме да не се качува во Ерусалим.
13
14
15Откако изминаа деновите се подготвивме за пат и се искачивме во Ерусалим.
16Со нас дојдоа и некои ученици од Кесарија, кои нѐ одведоа кај некој си Мнасон, од Кипар, ученик од самиот почеток. Кај него требаше да престојуваме на гости.
17Кога пристигнавме во Ерусалим, браќата нѐ примија со радост.
18На вториот ден Павле влезе со нас кај Јаков; дојдоа и сите старешини.
19
20А тие, кога слушнаа, Го славеа Бога и му рекоа: „Гледаш, брате, колку десетици илјади Јудејци поверуваа, и сите тие станаа ревносни приврзаници на Законот.
21
22И што да се прави сега? Бездруго ќе дојде многу народ, зашто ќе слушнат дека си дошол.
23Направи, пак, што ти велиме: кај нас има четворица мажи, кои се под завет.
24
25А за незнабошците што поверуваа ние пишавме, откако решивме, да не пазат ништо такво, туку само да се воздржуваат од идолски жртви, од крв, од удавено и од блудство.“
26Тогаш Павле ги зеде тие луѓе, и, откако се очисти со нив, на вториот ден влезе во храмот и го објави денот, во кој се навршуваат деновите на очистувањето и во кој ќе се принесе жртва за секого од нив.
27
28викајќи: „Луѓе Израелци, помогнете! Овој човек насекаде учи против народот, против Законот, против ова место; а освен тоа уште и Елини воведе во храмот, та го оскверни ова свето место.“
29
30Целиот град се раздвижи, и народот се насобра. И кога го фатија Павле, го извлекоа надвор од храмот; и веднаш вратата беше затворена.
31И кога сакаа да го убијат, пристигна вест до заповедникот на четата дека цел Ерусалим се побунил.
32А тој веднаш зеде војници и офицери и се спушти кон нив; тие, кога ги видоа заповедникот и војниците, престанаа да го тепаат Павле.
33Тогаш заповедникот се приближи, го фати и заповеда да го врзат со двојни ланци, па праша: кој е тој и што направил?
34Од народот едни викаа едно, други — друго. А тој не можејќи да ја дознае вистината поради силната врева, заповеда да го одведат во тврдината.
35А кога стигнаа до скалите, војниците требаше да го носат, поради насилието од народот;
36
37Кога сакаа да го воведат во тврдината, Павле му рече на заповедникот: „Можам ли да ти кажам нешто?“ А тој рече: „Зарем знаеш грчки?
38
39
40