1„Мажи браќа и татковци! Послушајте ја сега мојата одбрана пред вас.“
2А кога слушнаа дека им зборува на еврејски јазик, уште повеќе замолкнаа. Тогаш тој рече:
3
4
5
6Но, кога бев на пат и наближив кон Дамаск, околу пладне, одеднаш од небото ме осветли силна светлина.
7Јас паднав наземи и слушнав глас, кој ми зборуваше: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш?‘
8
9Оние, кои беа со мене, ја видоа светлината и се уплашија; но гласот на Оној, Кој ми зборуваше, не го слушнаа.
10Тогаш реков: ‚Што да правам, Господи?‘, А Господ ми рече: ‚Стани и оди во Дамаск, и таму ќе ти биде речено сѐ, што ти е одредено да правиш.‘
11И бидејќи од болскотот на таа светлина не можев да гледам, ме поведоа за рака оние, кои беа со мене, и така ме одведоа во Дамаск.
12А некој си Ананија, маж благочестив според Законот, со добро име меѓу сите Јудејци во Дамаск,
13дојде кај мене, застана и ми рече: ‚Брате Савле, прогледај!‘ И јас во тој миг прогледав и погледнав кон него.
14
15зашто ќе Му бидеш сведок пред сите луѓе за она што си видел и слушнал.
16И сега, зошто се задржуваш? Стани, крсти се и очисти ги гревовите свои, повикувајќи го името на Господ Исус.‘
17А кога се вратив во Ерусалим и се молев во храмот, токму кога бев во занес,
18Го видов како ми вели: ‚Побрзај, излези од Ерусалим поскоро, зашто нема да го примаат твоето сведоштво за Мене!‘
19Јас, пак, одговорив: ‚Господи, тие знаат дека јас ги затворав и биев по синагогите оние, кои веруваа во Тебе;
20
21
22
23И бидејќи тие вревеа, мавтаа со алиштата свои, та креваа прав во воздухот,
24заповедникот нареди да го водат во тврдината и порача да го испитуваат со камшикување, за да дознае зошто така викаат против него.
25
26Кога го слушна тоа стотникот, отиде да го извести заповедникот, па му рече: „Што мислиш да правиш? Овој човек е римски граѓанин!“
27Тогаш заповедникот се приближи до него и рече: „Кажи ми, римски граѓанин ли си ти?“ Тој одговори: „Да.“
28А заповедникот рече: „Тоа граѓанско право јас сум го стекнал за многу големи пари.“ Павле пак рече: „А јас сум се родил како таков.“
29И веднаш отстапија од него оние, кои сакаа да го испитуваат. А заповедникот, кога дозна дека е тој римски граѓанин, се уплаши зашто го беше врзал.
30На вториот ден, кога сакаше да дознае за што всушност го обвинуваат Јудејците, го ослободи од оковите и заповеда да дојдат првосвештениците и целиот нивен Синедрион, па го доведе долу Павле и го исправи пред нив.