1ⓠИ тогаш, откако се спасивме, дознавме дека островот се вика Мелит[23].
2А мештаните ни укажаа необична човекољубивост: нѐ примија сите и, бидејќи врнеше дожд, беше студено, та накладоа оган.
3А кога Павле насобра многу гранки и ги стави на огнот, една змија излезе од гранките поради горештината и се впи во неговата рака.
4Мештаните, штом го видоа животното како виси на неговата рака, меѓу себе си рекоа: „Овој човек е навистина убиец; па затоа, иако се избави од морето, судот Божји не го остави да живее.“
5ⓡНо тој ја истресе змијата во огнот и ништо лошо не му стана.
6ⓢА тие очекуваа да се појави оток, или, пак, веднаш да падне мртов; но, бидејќи чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го променија мислењето и велеа дека е тој бог.
7ⓣОколу тоа место се наоѓаа имотите на началникот на островот, по име Поплиј. Тој нѐ прими и три дни пријателски нѐ гоштеваше.
8ⓤА таткото на Поплиј се разболе и лежеше, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе кај него, се помоли и, положувајќи ги рацете свои врз него, го исцели.
9ⓥТогаш, и другите од островот, што страдаа од болести, доаѓаа и се исцелуваа.
10Тие нѐ почитуваа многу и нѐ удостоија со големи почести, а пред заминување нѐ снабдија со сите потребни работи.
11По три месеци отпловивме со еден александриски кораб, што беше презимил на тој остров и носеше знак Диоскури.
12И стигнавме во Сиракуза, каде што останавме три дена.
13Оттаму отпловивме и пристигнавме во Ригија; а по еден ден дувна југот и на идниот ден стасавме во Потиоли;
14ⓦтаму најдовме браќа, по чија молба кај нив останавме седум дена. И потоа тргнавме за Рим.
15Тамошните браќа, штом чуја за нас, излегоа да нѐ пресретнат до Апиевиот плоштад и до Трите крчми. Кога ги виде Павле, Му заблагодари на Бога и се ободри.
16ⓧШтом стигнавме во Рим[24], на Павле му беше допуштено да живее одделно, но под стража на еден војник.
17ⓨПо три дни Павле ги повика првенците јудејски и кога се собраа, тој им зборуваше: „Мажи браќа, иако не направив ништо против народот или татковските обичаи, од Ерусалим ме предадоа окован во рацете на Римјаните.
18ⓩИ, откако ме судеа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене не најдоа никаква вина што заслужува смрт;
19ⓐно, бидејќи Јудејците се противеа, бев принуден да барам суд пред царот; но не за тоа да го обвинувам во нешто својот народ.
20Поради тоа и ве повикав да се видиме и да позборуваме; зашто заради надежта на Израел сум окован во овие ланци.“
21А тие му одговорија: „Ние ниту писма сме добиле за тебе од Јудеја, ниту, некој од браќата дошол да нѐ извести или нешто лошо да каже за тебе.
22Но ние сакаме да чуеме од тебе лично што мислиш ти за тоа; зашто познато ни е дека на тоа учење насекаде се противречи.“
23ⓑИ откако му определија ден, големо мноштво дојде во неговото определено живеалиште, и тој од утрото до вечерта со докази им го изложуваше учењето за царството Божјо и ги уверуваше за Исус и од Законот Мојсеев и од Пророците.
24ⓒЕдни се убедија од зборовите негови, а други не поверуваа.
25ⓓБидејќи беа несложни меѓу себе, тие почнаа да се разотидуваат; и во тоа време Павле им ги кажа овие зборови: „Добро им рекол Духот Свети на татковците ваши преку пророкот Исаија, велејќи:
26ⓔ‚Оди и кажи му на овој народ: со уши ќе чуете, и нема да разберете, со очи ќе гледате, и нема да видите,
27зашто срцето на овие луѓе закоравело, та со ушите мачно слушаат, а очите свои ги затвориле, па некако со очите да не видат и со ушите да не чујат, и со срцето да не разберат, и да не се обратат, за да ги исцелам.‘
28ⓕИ така, нека ви биде познато дека спасението од Бога им е испратено на незнабошците, тие и ќе чујат.“
29Кога го рече тоа, Јудејците се разотидоа со голема препирка меѓу себе.
30ⓖПавле остана таму цели две години во посебно најмена куќа и ги примаше сите, што доаѓаа кај него,
31ⓗпроповедајќи го царството Божјо и учејќи за Господ Исус Христос наполно слободно, и никој во тоа не го спречуваше.