1А еден човек, по име Ананија, заедно со својата жена Сапфира, ја продаде нивата
2и еден дел од добиените пари сокри, со знаење на жена си, додека другиот дел го донесе и го стави пред нозете на апостолите.
3
4Додека не беше продадена, нели беше твоја? И откако ја продаде, нели беа парите во твоја власт? Зошто си стави на срцето свое таква работа? Ти не излажа луѓе, туку Бога!“
5
6Станаа момчињата, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа.
7А кога поминаа околу три часа, влезе и жената негова, не знаејќи што се случило.
8И Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли ја продадовте нивата?“ Таа одговори: „Да, за толку.“
9
10И таа веднаш падна пред нозете негови и издивна. А момчињата кога влегоа, ја најдоа мртва, ја изнесоа и ја погребаа до нејзиниот маж.
11И голем страв ја обзеде целата Црква и сите оние што го слушнаа тоа.
12Преку рацете на апостолите се појавуваа знаци и се случуваа многу чуда меѓу луѓето; и сите беа еднодушни во тремот Соломонов.
13Од другите, пак, никој не се осмелуваше да им се придружи, а сепак, народот ги возвеличуваше.
14И сѐ повеќе се зголемуваше бројот на оние што веруваа во Господ, мноштво од мажи и жени,
15
16А доаѓаа во Ерусалим и многумина од околните градови, донесувајќи болни, мачени од нечисти духови, и сите се исцелуваа.
17Тогаш првосвештеникот и сите што беа со него, приврзаници на садукеите, станаа и се исполнија со завист,
18и ги кренаа рацете свои на апостолите и ги ставија во јавниот затвор.
19Но преку ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изнесе, им рече:
20
21
22Но кога слугите отидоа, не ги најдоа, па, штом се вратија, изјавија,
23велејќи: „Затворот го најдовме заклучен како што треба и стражата стоеше надвор пред портата. А кога отворивме, внатре никого не најдовме.“
24Штом ги слушнаа овие зборови, храмскиот заповедник и првосвештениците збунети размислуваа што би требало да значи тоа.
25Но некој дојде, ги извести и им рече: „Ене, луѓето што ги затворивте, стојат во храмот и го поучуваат народот.“
26Тогаш храмскиот заповедник отиде заедно со слугите и ги доведе, но не на сила; зашто се плашеа од народот со камења да не ги убијат нив самите.
27А кога ги доведоа, ги изведоа пред Синедрионот и првосвештеникот, прашувајќи ги, рече:
28
29
30
31Бог со десницата Своја Го возвиси Него, Зачетникот и Спасителот, за да му даде покајание и простување на гревовите на Израел.
32
33Кога го слушнаа тоа, тие се разлутија и мислеа да ги убијат.
34Но во Синедрионот стана тогаш еден фарисеј, по име Гамалиил, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда за кратко време да ги изведат апостолите надвор,
35а ним им рече: „Луѓе Израелци, размислете добро што ќе правите со овие луѓе!
36
37По него, во време на пописот, се крена Јуда Галилеецот и повлече по себе доста народ; но и тој загина и сите што го следеа се растурија.
38И сега ви велам — оставете ги овие луѓе на мир, не гибајте ги; зашто, ако е таа замисла или тоа дело од луѓе, ќе се разруши;
39
40и откако ги повикаа апостолите, ги натепаа и им заповедаа да не зборуваат во името на Исус, па ги пуштија.
41А тие излегоа од Синедрионот радосни, зашто беа удостоени да поднесат измачувања за името на Господ Исус.
42