1А Савле, дишејќи уште со застрашувања и убиства против учениците на Господа, дојде кај првосвештеникот
2
3
4и, откако падна на земја, слушна глас што му зборуваше: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?“
5
6(Тресејќи се од страв и ужас, тој праша: „Господи, што сакаш да направам?“ А Господ му рече:)
7А луѓето, што одеа по него, стоеја занемени од вчудовиденост, зашто слушаа глас, а никого не гледаа.
8Савле стана од земјата и, макар што му беа очите негови отворени, ништо не гледаше: и водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск.
9И три дена остана слеп, и ништо не јадеше, ниту пиеше.
10Во Дамаск, пак, имаше еден ученик по име Ананија, кому во видение Господ му рече: „Ананија!“ А тој одговори: „Еве ме Господи!“
11Тогаш Господ му рече: „Стани и оди во улицата што се вика Права, и во домот Јудин побарај го човекот од Тарс, по име Савле; ете, тој сега се моли.“
12И во видение виде еден човек, по име Ананија, како му пријдува и полага раце над него, за да може да прогледа.
13А Ананија одговори: „Господи, од мнозина сум слушал за тој човек колку зло им правел на Твоите светии во Ерусалим;
14
15
16
17А Ананија отиде и влезе во куќата и, откако ги положи рацете свои над него, рече: „Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави по патот, по кој доаѓаше, ме прати за да прогледаш и да се исполниш со Дух Свети.“
18И одеднаш како лушпи да паднаа од очите негови, и тој прогледа и кога стана, се крсти.
19А откако прими храна, Савле закрепна. Потоа неколку дена преседе со учениците во Дамаск;
20и веднаш почна да проповеда во синагогите за Исус дека е Тој Син Божји.
21
22
23
24Но Савле дозна за нивниот заговор. Тие, пак, дење и ноќе го чекаа на портата за да го убијат.
25Затоа учениците го зедоа ноќе и в кошница го спуштија по ѕидот.
26А кога пристигнаа во Ерусалим, Савле настојуваше да им се придружи на учениците; но сите се плашеа од него, бидејќи не веруваа дека тој навистина е ученик.
27Варнава, пак, го зеде и го одведе кај апостолите, па им раскажа како Савле по патот Го видел Господа, дека Господ му зборувал, а исто така и дека во Дамаск отворено го проповедал името на Исус.
28
29А зборуваше и се препираше исто така и со елинизираните Јудејци, кои се обидуваа да го убијат.
30Штом разбраа за тоа браќата, го одведоа во Кесарија, од каде го испратија во Тарс.
31
32Петар откако ги обиколи сите, слезе и кај светиите што живееја во Лида.
33Таму, пак, најде еден човек по име Енеј, кој цели осум години лежел на постела, зашто бил неподвижен.
34
35И го видоа сите што живееја во Лида и во Сарон, и се обратија кон Господ.
36Во Јопија имаше една ученичка, по име Тавита, што значи срна; таа беше исполнета со милостина и добри дела, што ги правеше.
37И токму во тоа време таа се разболе и умре. Тогаш ја измија и ја положија во горната одаја.
38
39Петар стана и тргна кај нив. Кога пристигна, го одведоа во горната одаја. И дојдоа кај него сите вдовици, плачејќи и покажувајќи му ги ризите и облеките што ги беше правела Срна додека живееше со нив.
40
41А Петар тогаш ѝ подаде рака и ја подигна. Тогаш ги повика светиите и вдовиците и им ја предаде жива.
42И ова се разгласи по цела Јопија, и мнозина поверуваа во Господ.
43А Петар престојуваше долго време во Јопија кај некој си кожар Симон.