Евреите 1:1-14 MKDB2006 - Bible AI

1Бог, Кој во старо време, откако мно­гупати и на многу начини им зборуваше на нашите предци преку пророците,

2во последниве денови ни зборува преку Синот, Кого Го постави за нас­ледник над сѐ, преку Кого ги создаде и вековите.

3Тој е одблесок на Божјата слава и отпечаток на Неговата суштина и држи сѐ со Својот моќен збор. Откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на Се­вишниот во висините.

4И стана толку повозвишен од ан­ге­лите, колку што е пославно името што го наследи, во споредба со нивното.

5Зашто кому од ангелите Бог некогаш му рекол: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес“, или пак: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе ми биде Син?“

6Исто така, кога Го воведе Прво­ро­де­ниот во вселената, рече: „Нека Му се поклонат сите ангели Божји!“

7За ангелите, пак, речено е: „Ти ги правиш ангелите Свои ветрови, а слу­жителите Свои огнен пламен“,

8а за Синот: „Твојот престол, Боже, е вечен и жезолот на правдата е жезол на царството Твое.

9Тебе Ти омиле правдата, а го намра­зи беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста пове­ќе од Твоите придружници.“

10И пак: „Во почетокот Ти, Господи, си ја основал Земјата, а и небесата се дело на Твоите раце;

11тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека;

12ќе ги свиткаш како наметка, како облекло, и тие ќе бидат променети; но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да се свршат.“

13А на кого од ангелите Бог некогаш му рекол: „Седи од Мојата десна страна додека непријателите Твои не ги пос­та­вам за подножје на нозете Твои?“

14Нели се тие сите служителски ду­хови, испратени да им служат на оние што ќе го наследат спасението?

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>