Евреите 10:1-39 MKDB2006 - Bible AI

1ⓝБидејќи Законот ја има само сенката на идните добра, а не суш­тината на работите, никогаш не може со оние исти жртви, што се принесуваат секоја година, да ги усоврши оние кои пристапуваат.

2ⓞИнаку би престанале да се принесуваат, бидејќи оние што служат, еднаш очистени, не ќе имаат веќе никаква свест за гревовите.

3ⓟНо преку жртвите секоја година се потсетуваат на гревовите,

4ⓠбидејќи не е можно телешката и ја­решката крв да ги однесе гревовите.

5ⓡПоради тоа, влегувајќи во светот, вели: „Жртви и дарови Ти не посака, а тело Ми приготви.

6Сепаленици за гревот не Ти се угодни.“

7ⓢТогаш реков: „Ете, идам, напишано е за Мене во книгата, да ја извршам, Боже, волјата Твоја.“

8ⓣКога погоре рече: „Жртви и дарови и сепаленици за гревот — што се принесуваат според Законот, Ти не посака и не Ти се угодни“,

9ⓤа потоа рече: „Ете, идам, Боже, да ја извршам волјата Твоја“, со тоа Тој го укинува првото, за да го воспостави второто.

10ⓥСпоред таа волја сме осветени со приносот на телото на Исус Христос еднаш засекогаш.

11ⓦИ секој свештеник стои секој ден, служејќи и принесувајќи многупати ед­ни и исти жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите;

12ⓧа Тој, принесувајќи само една жртва за гревовите, засекогаш седна оддесно на Бога,

13и оттогаш чека понатаму додека непријателите Негови не бидат поло­же­ни како подножје за нозете Негови.

14ⓨЗашто преку едно принесување Тој осветените ги направи засекогаш совр­шени.

15ⓩИ Светиот Дух ни посведочи, зашто, откако порано рече:

16ⓐ„Ова е заветот што ќе им го дадам по оние дни, вели Господ: ќе ги вградам законите Свои во срцата нивни, и во мислите нивни ќе ги напишам.“ Тој до­дава:

17„И за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да си спомнувам.“

18А каде што има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев.

19ⓑИ така, браќа, кога имаме слобода да влегуваме во светилиштето преку крвта на Исус Христос по нов и жив пат,

20ⓒшто Тој ни го отвори низ завесата, односно преку Своето тело,

21ⓓимаме Врховен свештеник над до­мот Божји.

22ⓔЗатоа да пристапиме со искрено срце, во полна вера, откако ќе ги очис­тиме срцата од зла совест со попрскува­ње и откако ќе го измиеме телото со чиста вода.

23ⓕИ да го држиме исповеданието на надежта цврсто, зашто верен е Оној Кој се заветувал.

24ⓖИ да бидеме внимателни еден кон друг за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела,

25ⓗне изостанувајќи од собранијата ка­ко што некои имаат обичај, туку да се по­учуваме еден друг, и тоа во толку по­веќе, до колку гледате дека се прибли­жува судниот ден.

26ⓘЗашто, ако, откако ја познавме вистината, своеволно продолжуваме да грешиме, тогаш нема веќе жртва за гревови,

27ⓙтуку страшно очекување на суд и јаростен оган што ќе ги проголта противниците.

28ⓚАко оној што го прекршил Мој­се­евиот закон, пред двајца или тројца сведоци безмилосно се казнува со смрт,

29ⓛтогаш, колку ли потешка казна, мислите, ќе заслужи оној што Го по­га­зил Синот Божји и ја осквернил крвта на заветот преку која е осветен и Го по­хулил Духот на благодатта?

30ⓜЗашто ние Го знаеме Оној што ре­кол: „Одмаздата е Моја, Јас ќе платам“, вели Господ. И пак: „Господ ќе му суди на Својот народ.“

31ⓝСтрашно е да се падне во рацете на живиот Бог!

32Потсетувајте се на вашите пора­нешни денови кога, откако се просветивте, поднесовте голема борба во стра­дањата,

33ⓞбило затоа што бевте изложени на срам и маки, било затоа што станавте соучесници на оние кои исто така стра­даа,

34ⓟзашто и на оковите мои се со­жа­лив­те и со радост дозволивте вашиот имот да се разграби, знаејќи дека на небесата имате подобар и траен имот.

35ⓠИ така, не напуштајте ја вашата слобода; таа ви носи голема награда.

36ⓡНајнапред ви е потребно трпение, па, откако ќе ја исполните волјата Бож­ја, да го добиете ветеното;

37ⓢзашто уште малку, сосем малку и „Оној што иде, ќе дојде и нема да за­доц­ни.

38ⓣА праведниот преку верата ќе биде жив; Јас не се радувам за ниеден кој отстапува.“

39ⓤНие, пак, не сме од оние што от­ста­пуваат и гинат, туку од оние кои веруваат и се спасуваат.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>