Евреите 3:1-19 MKDB2006 - Bible AI

1Затоа, браќа свети, учесници во небесното призвание, размислете за Пратеникот и Првосвештеникот на нашата вера, Исус Христос.

2Кој Му беше верен на Оној Кој Го поставил, како и Мојсеј — во целиот не­гов дом.

3Зашто Тој се удостои со слава, толку поголема од Мојсеевата, колку што е поголема почитта што ја има оној што го изградил домот од почитта што ја има домот!

4Зашто секој дом се гради од некого; а Оној, Кој изградил сѐ, е Бог.

5И Мојсеј Му беше верен како слуга на целиот Негов дом, за да го посведочи она што требаше да се соопшти.

6Христос, како Син, е верен во Бож­јиот дом. Негов дом, пак, сме ние, само ако слободата и надежта, со кои се фа­лиме, ги запазиме до крај.

7 Поради тоа, како што вели Светиот Дух: „Денес, ако го чуете гласот Негов,

8не жесточете ги срцата свои, како во огорченоста на денот на искушувањето во пустината,

9каде што татковците ваши Ме ис­ку­шаа, Ме испитуваа, иако ги гледаа дела­та Мои преку четириесет години.

10Затоа се разгневив на тој род и ре­­ков, секогаш се заблудуваа во срцата свои и не ги познаа патиштата Мои.

11Па така се заколнав во Својот гнев дека нема да влезат во Мојот спокој.“

12Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има зло и неверно срце, та да отстапи од живиот Бог.

13Туку храбрете се секој ден еден по друг додека сѐ уште се вели: „Денес“, та никој од вас да не отрпне преку измамата на гревот;

14зашто ние станавме соработници на Христос. Само ако ја задржиме цврсто до крај првобитната цврста подлога;

15додека се вели: „Денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, да не отрпнат ср­цата ваши онака како кога се побунив­те.“

16А кои беа тие што чуја и пак се по­бунија? Зар не беа тоа сите оние кои со Мојсеј излегоа од Египет?

17Против кого негодуваше Тој че­ти­риесет години? Нели против оние што погрешија и чии коски останаа во пус­тината?

18А на кои им се заколнал дека нема да влезат во Неговиот спокој ако не на оние, што беа непослушни?

19И така, гледаме дека тие не можеа да влезат поради неверието.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>