Евреите 6:1-20 MKDB2006 - Bible AI

1Затоа да го оставиме почетното учење за Христос и да се стремиме кон совршенство, да не ја поставуваме одново основата: покајанието од мртви дела и верата во Бога,

2науката за крштавањето, ракополагањето, воскресението на мртвите и вечниот суд.

3И ова ќе го направиме, ако допушти Бог.

4Зашто оние кои еднаш се просветија, вкусија од небесниот дар, станаа учесници на Светиот Дух,

5и, откако вкусија од убавата Божја реч и од силите на идниот век,

6а потоа отпаднаа, — не е можно повторно да бидат обновени за покајание, кога повторно во себеси Го распнуваат Синот Божји и Го хулат.

7Зашто земјата, која го впива дождот што често паѓа на неа и раѓа плод добар за оние што ја обработуваат, од Бога добива благослов;

8а онаа што дава трње и боцки, таа е непотребна и близу е до проклетството кое завршува со изгорување.

9Од вас, возљубени, ние очекуваме нешто подобро и спасително, иако така зборуваме.

10Зашто Бог не е неправеден, та да го заборави делото ваше и трудот на љу­бовта што ги покажавте во Негово име, откако им послуживте и им служите на светиите.

11А ние сакаме секој од вас да ја по­кажува истата усрдност за одржување на полната надеж докрај,

12та да не станете мрзливи, туку да ги следите оние кои преку вера и трпение ги добиваат ветувањата.

13 Бог, кога му ветуваше на Авраам, бидејќи немаше ништо поголемо во што би се заколнал, се заколна во Себе,

14велејќи: „Навистина ќе те благословам и ќе те размножам и преумножам.“

15И така, со долготрпение тој го доби ветеното.

16Луѓето, пак, се колнат во погорно од себеси, и заклетвата како потврда на секоја нивна препирка става крај.

17Затоа Бог, кога на наследниците на ветувањето сакаше јасно да им ја по­ка­же Својата неизменлива волја, посведо­чи со клетва,

18та преку две неизменливи работи, во кои не е можно Бог да излаже, да имаме голема утеха и ние, кои прибегнуваме да се прифатиме за надежта што ни е дадена,

19а која е за нашата душа цврста и си­гурна котва, и кој влегува дури зад за­ве­сата,

20каде што Исус за нас влезе најна­пред, откако стана вечен Првосвеште­ник по чинот Мелхиседеков.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>