Ездра 1:1-11 MKDB2006 - Bible AI

1Во првата година на персискиот цар Кир за да се исполни словото Господово искажано од устата на Ере­мија, го поттикна Господ духот на Кир, персискиот цар, и тој заповеда да прогласат по целото царство, усно и писмено:

2вака вели Кир, царот персиски: „Господ, Бог на небото, ми ги даде сите земни царства и ми заповеда да Му изградам дом во Ерусалим што е во Јудеја.

3Кој меѓу сите вас е од Неговиот народ, — Бог нека биде со него, и нека оди во Ерусалим, кој е во Јудеја, да гради дом на Господ, Бог Израелов, — Тој е Бог, Кој е во Ерусалим.

4А секој што останал во другите мес­та, каде и да живее тој, нека му помогнат жителите од тие места со сребро, со злато, со друг имот, со добиток и со доброволни прилози за Божјиот дом што е во Ерусалим.“

5Тогаш кнезовите на племињата Јудини и Венијаминови, свештеници­те и левитите, секој, чиј дух го поттикна Господ, се подготвија да одат да го градат Господовиот дом што е во Ерусалим.

6И сите нивни соседи им помагаа со сребрени садови, со злато, со друг имот и со добиток и со скапи предмети, покрај доброволните приноси за храмот.

7А царот Кир ги извади садовите на Господовиот дом што Навуходоносор ги беше одзел од Ерусалим и ги беше поставил во домот на својот бог.

8Нив Кир, персискиот цар, ги изнесе со помош на ризничарот Митредат, а тој ги предаде под број на Сасавасар, управител на Јудеја.

9И еве го бројот нивни: златни чинии — триесет, сребрени чинии — ил­јада, ножеви — дваесет и девет,

10златни чаши — триесет, сребрени чаши, двојни — четиристотини и десет, други садови — илјада;

11вкупно садови, златни и сребрени, пет илјади и четиристотини. Сето тоа го зеде со себеси Сасавасар, кога иселениците тргнаа од Вавилон за Еру­салим.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>