Ездра 5:1-17 MKDB2006 - Bible AI

1Но пророкот Агеј и пророкот Захарија, синот на Идо, им пророкуваа на Јудејците во Јудеја и во Еру­салим во името на Бог Израелов.

2Тогаш Зоровавел, синот на Сала­тиил, и Јешуа, синот на Јоседек, поч­наа да го градат Божјиот дом во Еру­салим, и со нив Божјите пророци, кои ги поддржуваа.

3Во тоа време дојдоа кај нив Татенај, управител од оваа страна на Реката, и Ситар-Бознај, со своите со­работници, и им рекоа вака: „Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидишта?“

4Потоа ги прашаа: „Кои се имињата на луѓето што ја градат таа зграда?“

5Но окото на нивниот Бог беше врз старешините јудејски, и тие не им се заканија, додека работата не отиде до Дариј, и додека не дојде писмено решение за таа работа.

6Еве ја содржината на писмото што го испратија Татенај, управител на областа зад Реката, и Ситар-Бознај со своите соработници — Афарсехајци, од онаа страна на Реката, до царот Да­риј.

7Во соопштението што го испратија до него, еве што беше напишано: „До царот Дариј — секаков мир!

8Да знаеш, царе, дека ние бевме во ерусалимската област во домот на ве­ликиот Бог; го градат со големи камења, а во ѕидиштата ставаат дрва; таа работа напредува брзо и успешно во рацете нивни.

9Тогаш ги прашавме нивните ста­решини и им рековме вака: ‚Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидови?‘

10Освен тоа, ги прашавме и за имињата нивни за да ти јавиме и да ти го напишеме името на главниот меѓу нив.

11Тие ни одговорија со овие збо­рови: ‚Ние сме слуги на Бога на небо­то и на земјата и градиме дом што беше изгра­ден многу години пред тоа, — а великиот цар Израелов го градеше и го доврши.

12А кога татковците наши Го раз­гневија Бога небесен, Тој ги пре­даде во раката на Навуходоносор, ца­рот ва­вилонски, Халдеец; тој го раз­руши овој дом и го пресели народот во Вавилон.

13Но во првата година од владеењето на Кир, царот на Вавилон, Кир дозволи да се изгради овој дом Божји;

14уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени, што Наву­ходоносор ги беше земал од ерусалимскиот храм, па ги беше однел во вавилонскиот храм, — цар Кир ги из­несе од вавилонскиот храм и ги даде со број на Сасавасар, управникот на ризницата,

15и му рече: — земи ги тие садови, и однеси ги во ерусалимскиот храм, и Божјиот дом нека се гради на своето место.

16Тогаш оној Сасавасар дојде и ги постави темелите на Божјиот дом во Ерусалим; оттогаш па досега се гради и уште не е завршен.‘

17И така, ако му е угодно на царот, нека побара во домот во царските ар­хиви, таму во Вавилон, дали навистина цар Кир дозволил да се гради овој дом Божји во Ерусалим, и нека ис­пратат одговор за волјата на царот околу тоа.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>