Ездра 6:1-22 MKDB2006 - Bible AI

1Тогаш царот Дариј издаде запо­вед, и бараа во Вавилон, во архивот, ка­де што ги чуваа важните документи.

2И во Ахмета, во дворецот, кој е во областа Мидија, беше пронајден еден свиток, и во него беше напишано вака: „Потсетник.

3Во првата година од владеењето на царот Кир, царот издаде указ за домот Господов во Ерусалим: Нека биде из­граден дом на она место, каде што принесуваат жртви, и нека му се постават здрави темели; висината негова — шее­сет лакти, ширината негова — шеесет лакти;

4три реда големи камења, еден ред дрва; а трошоците нека се плаќаат од царскиот дом.

5Уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени што Навуходо­носор ги изнесол од ерусалимскиот храм и ги однел во Вавилон, нека се вратат и од­несат во ерусалимскиот храм и да бидат наместени во Божји­от дом, секој на свое место.

6Затоа, Татенај, кој управуваш со задречната област, и ти Ситар-Бознај и вие нивни соработници, испратени во областа зад Реката, бидете на разумна оддалеченост оттаму!

7Не запирајте ја работата на Божји­от дом; јудејскиот кнез и јудејските ста­решини нека го градат оној Божји дом на местото негово.

8А јас издадов указ, според кој треба да им помагате на тие старе­шини јудеј­ски во градбата на овој дом Божји, односно: од царскиот имот — од данокот на задречната област да им се дава на тие луѓе за да не се запира работата;

9и колку што ќе бидат потребни — телиња, овни или јагниња за сепаленици на Бога небесен, исто така и пче­ница, сол, вино и масло, толку, колку што ќе определат свештени­ците еруса­лимски, нека им се дава секој ден без прекин,

10за да принесуваат благопријатни жртви на Бога небесен, и да се молат за животот на царот и синовите негови.

11Заповедам уште — кој ќе ја измени оваа наредба, да извадат греда од ку­ќата негова, да го издигнат и при­коваат на неа, а куќата негова поради тоа да се претвори во урнатини.

12И Бог, Чие име престојува таму, да го собори секој цар и народ што ќе протегне рака да го измени ова за штета на тој дом Божји во Ерусалим. Јас, Дариј, го издадов овој указ, нека биде точно спроведен!“

13Тогаш Татенај, управителот на зад­речната област, Ситар-Бознај и нивни­те соработници, постапуваа точно она­ка, како што заповеда царот Дариј.

14И јудејските старешини градеа и напредуваа според пророштвото на пророкот Агеј и Захарија, синот на Идо. Изградија и завршија според волјата на Бог Израелов и според волјата на Кир, Дариј и Артаксеркс, ца­реви персиски.

15Завршен беше овој дом на третиот ден од месец адар, во шестата година од царувањето на царот Дариј.

16И синовите Израелови, свеште­ниците, левитите и другите, што се беа вратиле од пленство, со радост го из­вршија осветувањето на тој Божји дом.

17И принесоа при осветувањето на тој Божји дом: сто вола, двесте овни, чети­ристотини јагниња и дванаесет јарци како жртва за грев за целиот Израел, според бројот на племињата Израелови.

18И поставија свештеници според чиновите нивни и левити според родо­вите нивни за Божја служба во Еру­салим, како што беше заповедано во книгата Мојсеева.

19Потоа вратените од пленство про­славија Пасха во четиринаесеттиот ден на првиот месец,

20зашто свештениците и левитите се беа очистиле, — тие сите до еден беа чис­ти; и заклаа пасхални јагниња за сите вратени од пленство, за своите браќа свештеници и за себеси.

21И јадеа синовите Израелови што се беа вратиле од пленство, и сите што се беа откажале од нечистотијата на народите на земјата за да Му се поклонат на Господ, Бог Израелов.

22А го празнуваа со радост и праз­никот Бесквасници седум дена, зашто Господ ги зарадува и го сврте кон нив срцето на асирскиот цар за да ги поткрепи рацете нивни при градењето на домот на Господ, Бог Израелов.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>