1
2син на Селум, син на Садок, син на Ахитув,
3син на Амарија, син на Азарија, син на Мерајот,
4син на Зерахија, син на Озиј, син на Буки,
5син на Авишуа, син на Финес, син на Елеазар, син на првосвештеникот Арон, —
6
7Со него отидоа во Ерусалим и некои синови Израелови, и свештеници, и левити, и пејачи, и чувари на вратите, и слуги на храмот во седмата година на царот Артаксеркс.
8Тој дојде во Ерусалим во петтиот месец, во седмата година од владеењето на царот.
9На првиот ден од првиот месец тој го започна излегувањето од Вавилон, а во првиот ден од петтиот месец тој дојде во Ерусалим: благодатната рака на неговиот Бог беше над него.
10
11Еве ја содржината на писмото, што царот Артаксеркс му го даде на Ездра, свештеник и книжник, кој го учеше Израел на заповедите Господови и на законите Негови:
12
13Издадов указ, во царството мое секој од народот Израелов и од неговите свештеници и левити што сака да оди во Ерусалим, нека појде со тебе.
14
15
16
17
18А она што ти и браќата твои ќе најдете дека е добро да направите од останатото сребро и злато, според волјата на Вашиот Бог направете.
19
20
21А јас, царот Артаксеркс, давам заповед до сите ризничари, што се од онаа страна на Реката — сѐ што ќе посака од вас Ездра, свештеник и учител по законот на Бога небесен, без двоумење, давајте:
22
23Сѐ, што е заповедано од Бога небесен треба да се врши грижливо за Неговиот дом, и гледајте, некој да не протегне рака врз домот на Бога небесен за да не падне гневот Негов врз царството, царот и синовите негови.
24Го кажавме да знаете дека на никого од свештениците и левитите, пејачите, чуварите на вратите, слугите на храмот и оние што служат при тој дом Божји нема да им се наложува данок, ни десеток, ни царина.
25
26
27Нека е благословен Господ, Бог на нашите предци, Кој влеа во срцето на царот таква мисла да го прослави домот Господов што е во Ерусалим,
28