1
2
3
4
5
6И кога Тој му даде заповед на човекот, облечен во ленена облека, му рече: „Земи оган од местото меѓу тркалата, меѓу херувимите“, и кога тој влезе и застана меѓу тркалата —
7тогаш среде херувимите застана еден херувим, ја протегна раката своја кон огнот, што беше меѓу херувимите, и зеде, па му даде една рака на облечениот во бела ленена облека. Тој зеде и излезе.
8
9
10И сите четири по својот вид беа еднакви, како едно тркало да се наоѓаше во друго тркало.
11Кога одеа, одеа на сите четири страни; кога одеа не се свртуваа, но одеа кон она место, каде што им беше свртена главата; кога одеа не се свртуваа.
12
13Тркалата се викаа, како што чув, галгал.
14
15Херувимите се подигнаа. Тогаш видов дека тие беа истите животни што ги видов при реката Кевар.
16Кога одеа херувимите, се вртеа до нив и тркалата; кога се подигаа крилјата нивни, за да се подигнат од земјата, тркалата не се одделуваа, туку беа со нив.
17А кога стоеја, стоеја и тие; кога ќе се подигнеа, се подигаа и тие, зашто во нив беше духот на животните.
18
19И херувимите ги подигнаа крилјата свои и се подигнаа пред очите мои од земјата. Кога тргнаа, и тркалата беа до нив; па застанаа при влезот на источната врата од домот Господов, и славата на Бог Израелов беше над нив одозгора.
20Тоа беа истите животни, што ги видов во подножјето на Израеловиот Бог кај реката Кевар. И јас разбрав дека тоа се херувими.
21
22Лицата им личеа како на оние лица, што ги видов при реката Кевар — од ист вид, тие истите. Секој одеше право во онаа насока, што беше пред лицето негово.