1И дојде слово Господово до мене:
2„Сине човечки, изречи пророштво против пророците на Израел, кои пророкуваат, и кажи им на оние, што пророкуваат од свое срце: чујте го словото Господово.
3Вака вели Господ Бог: тешко им на безумните пророци, што се водат од својот дух, а ништо не виделе.
4Твоите пророци, Израеле, се како лисици во урнатини.
5Вие не влеговте во ровови и не го оградивте домот израелски за да биде цврст при битката во денот Господов.
6Тие гледаат суета и претскажуваат лага, велејќи: ‚Господ вели‘, а Господ не ги испратил; и даваат надеж дека словото ќе се исполни.
7Зар не видовте суетно видение и не кажувате ли лажно предвестие, велејќи: ‚Господ вели‘, а Јас, пак, не сум рекол?
8Затоа вака вели Господ Бог: бидејќи кажувате суета и гледате во виденијата лага, Јас сум против вас, — вели Господ Бог.
9
10
11
12И, ете, ѕидот ќе падне; нема ли тогаш да ви кажат: ‚Каде е мачканицата, со која го мачкавте ѕидот?‘
13
14Ќе го урнам ѕидот, што го мачкавте со кал, и ќе го кутнам на земја; ќе се открие темелот негов, па ќе падне, а вие заедно со него ќе загинете, и ќе познаете дека Јас сум Господ.
15И ќе ја излеам јароста Своја врз ѕидот и врз оние што го мачкаа со кал, и ќе ви речам: — го нема ѕидот и ги нема оние, што го мачкаа —
16
17А ти, сине човечки, сврти го лицето свое кон ќерките на овој народ, кои пророкуваат од своето срце, и кажи пророштво против нив,
18па речи — вака вели Господ Бог: „Тешко им на оние што си пришиваат магиски амајлии под мишките и прават превези на главата во секоја големина, само да ловат души. Зар ловејќи ги душите на Мојот народ, вие ќе си ги спасувате вашите души?
19
20Затоа вака вели Господ Бог: „Еве, Јас сум против вашите магиски амајлии, со кои ги ловите душите како птички, ќе ги искинам од под мишките ваши и ќе ги пуштам на слобода душите, што ги ловите како птички.
21Ќе ги парчосам вашите покривала и ќе го избавам Својот народ од рацете ваши; тие нема да бидат веќе плен во рацете ваши, па ќе познаете дека Јас сум Господ.
22
23затоа нема да имате веќе суетни виденија и во иднина нема веќе да баете, Јас ќе го избавам мојот народ од рацете ваши, и ќе познаете дека Јас сум Господ.“