1
2И дојде слово Господово до мене:
3„Сине човечки, овие луѓе дозволија своите идоли да си ги стават во срцата свои, се соблазнија со своето бесчестие: можам ли да им одговорам?
4Затоа зборувај со нив и кажи им — вака вели Господ Бог: Ако некој од домот израелски дозволи во срцето свое да има идоли и така со тоа да го соблазнува своето бесчестие, па дојде кај пророк, — па зар Јас, Господ, можам ли, при толку многу идоли, да му дадам одговор?
5Домот израелски нека разбере во срцето свое дека сите со своите идоли станаа туѓи за Мене.
6Затоа кажи му на домот израелски — вака вели Господ Бог: Обратете се и откажете се од вашите идоли и од сите ваши гадотии одвратете го лицето свое.
7Зашто, ако некој од домот израелски и од придојдените кои живеат во Израел, се откаже од Мене и допушти во срцето свое да има идоли и со тоа пред лицето свое бесчести, па дојде при пророк за да ме праша преку него, — па зар Јас, Господ, треба ли да му дадам одговор од Себе?
8
9
10И тие обајцата ќе ја понесат вината за беззаконието: каква ќе биде вината на оној што прашува, таква ќе биде вината и на лажниот пророк,
11
12
13„Сине човечки, кога некоја земја ќе згрешеше пред Мене, вероломно отстапувајќи од Мене, и Јас ја протегав врз неа раката Своја, ја уништував во неа лебната потпора, праќав врз неа глад и почнував по неа да ги погубувам луѓето и добитокот,
14
15Или, ако пратев врз таа земја лути ѕверови што би ја опустошиле, и таа поради ѕверовите стане пуста и непроодна,
16тоа тројцата тие мажи во неа да се — жив сум Јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни ќерките, а само тие би се спасиле, земјата пак би останала пуста.
17Или, ако пратев врз таа земја меч и му речев: ‚мечу, мини преку земјата!‘, и тој почнеше да истребува по неа луѓе и добиток,
18тоа само тие тројца мажи среде неа — жив сум Јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни ќерките, а би се спасиле само тие.
19Или, да бев пратил врз таа земја помор и да бев ја излеал врз неа јароста Своја во крвопролевање, за да истребувам во неа луѓе и добиток,
20тоа Ное, Даниел и Јов среде неа — жив сум Јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни ќерките; со својата праведност тие би ги спасиле само своите души.“
21
22и тогаш ќе остане во него само остатокот на синовите и ќерките, што нема да бидат изведени оттаму; ете, тие ќе дојдат кај вас и вие ќе го видите поведението нивно и делата нивни, па ќе се утешите за сето зло, што го пратив врз Ерусалим, за сѐ што пратив врз него.
23Тие ќе ве утешат, кога ќе го видите нивното поведение и делата нивни; и ќе познаете дека не залудо Јас го извршив сето тоа, што го извршив во него“, вели Господ Бог.