Езекиел 15:1-8 MKDB2006 - Bible AI

1И дојде слово Господово до мене:

2„Сине човечки, какво предимство има дрвото од лоза пред секое друго дрво, и прачките од лозата пред гран­ките од дрвјата во гората?

3Зар се зема од него парче за некаква изработка? Земаат ли од него барем некаков клин, за да закачат на него не­која работа?

4Ете, го фрлаат во оган за да изгори; двата краја огнот му ги подгорува, па му ја изгорува и средината; може ли да стане од него нешто за некаква изра­ботка?

5И кога би било цело, не станува збор за некаква изработка; а уште помалку, кога огнот ќе го подгори и го обгори, па ќе биде ли тоа за некаква изработка?

6Затоа, вака вели Господ Бог: — како што дрвото од лоза меѓу горските дрвја го предадов на оган за да изгори, така нему ќе му ги предадам и ерусалимските жители.

7И ќе го свртам лицето Свое против нив, од еден оган ќе излезат и друг оган ќе ги проголта, па ќе познаете дека Јас сум Господ, кога ќе го свртам лицето Свое против нив.

8И ќе ја направам таа земја пустина, затоа што постапија неверно“, вели Господ Бог.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>