1
2„Сине човечки, кажи му ги на Ерусалим неговите гадотии.
3И речи — вака ѝ вели Господ Бог на ќерката ерусалимска: — твојот корен и твојата татковина се во хананската земја; таткото твој е Амореец, а мајка ти е Хитијка;
4при твоето раѓање — во денот кога се роди — папокот ти го пресекоа, со вода не те измија заради очистување, со сол не те посолија и во пелени не те повија.
5
6Минував јас покрај тебе и те видов оставена како преташ во крвта твоја, па ти реков: ‚Живеј!‘ Додека беше во крв, ти реков ‚Живеј!‘
7Се размножи како растенијата во полето; порасна, стана голема и се здоби со голема убавина: твоите гради се надигаа, а и косата ти порасна; но беше гола и непокриена.
8
9
10Ти облеков везена облека и ти обув сандали од мека кожа, те опашав со висон и те покрив со свилен превез.
11Те искитив со накити и ти ставив гривни на рацете, а околу вратот — ѓердан.
12Ти ставив и прстен на носот, обетки на ушите, а на главата твоја — прекрасен венец.
13
14
15Но ти се занесе од убавината своја, и користејќи се со славата своја, почна да блудствуваш, и живееше блудно со секој минувач, подавајќи му се.
16Па зеде од облеката своја и си направи шарени идолчиња, па блудствуваше на нив; вакво нешто ниту било, ниту ќе биде!
17И ги зеде своите накити од моето злато и од моето сребро, што ти ги дадов Јас и си направи од нив машки ликови и блудствуваше со нив.
18Па ги зеде своите везени облеки, ги облече идолите во нив, и стави пред нив Мое масло, Мој темјан,
19и Мој леб, што ти го давав; пченичното брашно, маслото и медот, со кои те хранев, ти ги ставаше пред нив со благопријатен мирис; така беше тоа — вели Господ Бог.
20И ги зеде синовите свои и ќерките свои, што Ми ги роди, па ги принесуваше преку оган како жртва, за да бидат проголтани. Малку ли беше што блудствуваше?
21
22И при сите твои гадотии и твоите блудства, ти не се сети за деновите на својата младост, кога беше гола и непокриена и фрлена запретана во крвта своја.
23И по сите тие злосторства — ‚тешко, тешко тебе‘, вели Господ Бог.
24Ти изгради куќи за блуд, на својата улица ги направи.
25Во почетокот на секоја улица направи куќи за блуд, ја срамотеше твојата убавина, му се нудеше на секој минувач, го преумножи твоето блудствување.
26Блудствуваше со египетските синови — со своите страсни соседи, го умножуваше блудството и ме разгневуваше.
27И ете, Јас ја протегнав раката Своја против тебе и ти ја намалив храната, па те препуштив на гневот на ќерките филистејски, кои те мразеа и се засрамија од твоето лошо поведение.
28Ти блудствуваше со синовите на Ашур; не се насити што блудствуваше со нив, но со тоа не се задоволи;
29ти ги умножи блудствата свои во земјата хананска до Халдеја, но и со тоа не се задоволи.
30Колку ли треба да е истоштено срцето твое — вели Господ Бог — кога сето тоа го вршеше како необуздана блудница!?
31Кога градеше куќи за блуд во почетокот на секоја улица и си правеше шарени возвишенија на секој крстопат, ти не гледаше како блудница, зашто ги отфрлуваше подароците,
32но беше како неверна жена, која место својот маж, прибира туѓи мажи.
33
34При твоето блудствување стануваше обратно од она што станува кај жените; за да доаѓаат кај тебе, ти даваше подароци, тебе не ти даваа подароци; и затоа ти постапуваше полошо од другите.
35Па поради тоа чуј го, блуднице, словото Господово.
36Вака вели Господ Бог: заради тоа што ги излеваше страстите свои и при блудствувањето твое беше разоткривана голотијата твоја пред очите на твоите миленици и пред сите твои одвратни идоли, и заради крвта на твоите синови, што им ги даваше ти —
37
38
39
40Ќе свикаат против тебе толпа луѓе, ќе те убијат со камења и ќе те расечат со мечевите свои.
41Со оган ќе ги изгорат твоите куќи и ќе извршат над тебе суд пред очите на многу жени; и ќе стават крај на твоето блудство, и повеќе нема да даваш подароци.
42Ќе го излеам над тебе Својот гнев, и ќе отстапи од тебе Мојата љубомора, ќе се успокојам и нема повеќе да се гневам.
43Затоа што не се сети на деновите од младоста своја и што со сето тоа Ме дразнеше; еве, и Јас ќе го свртам делото твое врз главата твоја, вели Господ Бог, за да не се предаваш повеќе на разврат по сите твои гадотии.
44Еве, секој што кажува пословици, може да каже за тебе: ‚каква е мајката, таква е и ќерката‘.
45
46Твојата поголема сестра е Самарија, која со ќерките свои живееше лево од тебе, и помалата сестра твоја, што живееше десно од тебе е Содом со ќерките свои.
47Но ти и по нивните патишта не одеше и по нивните гадотии не постапуваше. Тоа беше малку: ти постапуваше поразвратно од нив во сите твои патишта.
48Жив сум Јас, вели Господ Бог: дури ни Содом, сестрата твоја и ќерките нејзини не го вршеа она што го правеше ти и твоите ќерки.
49Ете во каква состојба е беззаконието на сестра ти Содом и на ќерките нејзини: во гордост, во презаситеност, во празнина, и раката нејзина не помагаше сироти и бедни.
50И се возгордеаја тие, па вршеа гадотии пред лицето Мое, и, откако го видов тоа, Јас ги отфрлив.
51
52Носи го поради тоа срамот свој и ти, што ги осудуваше сестрите свои; според гревовите, со кои се покажа полоша од нив, тие се поисправни од тебе. Зацрвени се тогаш од срамот и ти, и носи си го срамот што така ги оправда сестрите свои.
53Но јас ќе ги вратам нивните заробеници, заробениците на Содом и на ќерките нејзини, заробениците на Самарија и на ќерките нејзини, како и твоите во плен одведени меѓу нив,
54за да го носиш срамот свој и да се срамуваш од сето ова што го правеше, станувајќи утеха за нив.
55И сестрите твои, Содом и ќерките нејзини, ќе се вратат во поранешната состојба; исто така Самарија и ќерките нејзини ќе се вратат во поранешната состојба; а и ти и твоите ќерки ќе се вратите во поранешната состојба.
56За сестра ти Содом и помен немаше во устата своја во деновите на твојата гордост,
57додека уште не беше откриено твоето бесчестие, како во времето, кога беше посрамена од сириските ќерки и од сите, што ја опкружуваа, од филистејските ќерки кои одреда гледаа на тебе со презир.
58Поради твојот разврат и поради твоите гадотии ти трпиш,“ — вели Господ.
59Зашто така вели Господ: „Јас ќе постапам со тебе, како што постапи ти, кога ја презре клетвата, нарушувајќи го сојузот.
60
61
62Јас ќе го востановам Мојот сојуз со тебе, и ти ќе разбереш дека Јас сум Господ,
63за да помниш и да се срамуваш, и во иднина да не можеш од срам да ја отвориш устата, кога ќе ти простам сѐ што правеше ти“ — вели Господ Бог.