Езекиел 19:1-14 MKDB2006 - Bible AI

1„А ти заплачи по кнезовите Израелови.

2И кажи: — каква лавица е твојата мајка? Се расположила меѓу лавовите, меѓу младите лавови, одгледува свои мали.

3И отхранила едно од своите млади, па тоа станало млад лав и се научило плен да лови, луѓе да јаде.“

4И чуја народите за него: бил фатен во неговата јама и во вериги однесен во земјата египетска.

5И откако почека и виде дека на­дежта нејзина ѝ пропадна, таа зеде дру­го свое лавче и го направи млад лав.

6И тоа, кога стана млад лав, почна да оди меѓу лавовите и се научи плен да лови, и луѓе да јаде,

7ги осквернуваше вдовиците нивни и градовите нивни ги опустошуваше; па запусте земјата и сите нејзини населби од неговото рикање.

8Тогаш се подигнаа против него на­родите од околните области и ја поста­вија мрежата своја; тој беше фатен во нивната јама.

9И го ставија во кафез, во вериги, па го одведоа во тврдината, за да не се слуша глас од него по планините из­раелски.

10Твојата мајка беше како лоза, посадена покрај вода; плодовита и разгранета беше таа од многу вода.

11И имаше кај неа прачки здрави за скиптар на владетел и високо се издигна со својот раст и меѓу густите прачки, па се истакнуваше во височината своја, со многуте свои ластари.

12Но, во гневот таа беше откорната, фрлена на земја и источниот ветар го исуши плодот нејзин; откинати и ису­шени се нејзините силни прачки, оган ги проголта.

13А таа сега е пресадена во пустината, во земја сува и жедна.

14И излезе оган од сплетот на гран­ките нејзини, ги проголта плодовите нејзини и не останаа на неа здравите прачки за скиптар на владетел. Тоа е жална песна и ќе има плачење.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>