1
2И влезе во мене Дух, ме зеде и ме подигна и ме исправи на нозете мои, и Го чув Оној, Кој ми говореше.
3Тогаш Тој ми рече: „Сине човечки, Јас те праќам кај Израеловите синови, при непокорни луѓе, кои се побунија против Мене; тие и татковците нивни Ме изневеруваа Мене дури до денешниов ден.
4Тие се синови со тврдокорно лице и со жестоко срце; кај нив те праќам и ти ќе им кажеш — вака вели Господ Бог.
5
6А ти, сине човечки, не плаши се од нив и не плаши се од нивните зборови, зашто ќе се разбеснат и ќе те навредуваат од сите страни; меѓу нив ќе живееш — како меѓу трње и скорпии; не плаши се од лицата нивни, зашто тие се дом отстапнички;
7и кажувај им ги зборовите Мои — па слушале тие или не, бидејќи се тие непокорни.
8
9
10И Тој го разви пред мене, а свитокот беше напишан одвнатре и однадвор, и на него беше напишано: плач, жалост и офкање.