1
2И дојде слово Господово до мене:
3
4
5
6
7
8Но тие се побунија против Мене и не сакаа да Ме слушаат; никој не се откажа од гадотиите на очите свои и не ги остави египетските идоли. А Јас реков: ќе го излијам врз нив гневот Свој, ќе ја исцрпам врз нив јароста Своја среде египетската земја.
9
10И Јас ги изведов од земјата египетска и ги доведов во пустината,
11
12
13Но домот Израелов се побуни против Мене во пустината: не постапија според Моите заповеди и ги отфрлија Моите наредби, преку кои човекот, ако ги исполнува, би можел да биде жив, и Моите саботи ги нарушија — и Јас реков — ќе ја излијам врз нив Својата јарост во пустината, за да ги истребам.
14Но Јас постапив заради Моето име, та да не се хули тоа пред народите, пред чии очи ги изведов.
15
16заради тоа што ги отфрлија Моите наредби, не постапија по Моите заповеди и ги нарушуваа Моите саботи; зашто нивното срце копнееше повеќе кон идолите нивни.
17Но Моето око се смили и не ги погуби; и Јас не ги истребив во пустината.
18Им зборував на синовите нивни во пустината: Не одете по правилата на татковците ваши, не пазете ги уредбите нивни и не осквернувајте се со идолите нивни.
19Јас сум Господ, вашиот Бог: постапувајте според Моите заповеди, пазете ги уредбите Мои и исполнувајте ги.
20Празнувајте ги Моите саботи за да бидат знак меѓу Мене и вас, па да знаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог.
21
22
23
24бидејќи тие Моите наредби не ги извршуваа, заповедите Мои ги отфрлија и ги нарушуваа Моите саботи, а очите нивни се свртуваа кон идолите на нивните предци.
25Им дозволив закони и наредби што не се добри, од кои тие не можеа да бидат живи,
26
27Затоа зборувај му на домот Израелов, сине човечки, и кажи му — вака вели Господ Бог: еве со што уште Ме хулеа вашите татковци, кога неверно постапуваа против Мене:
28Јас ги одведов во земјата, која со клетва им ја ветив дека ќе им ја дадам, откако ја подигнав раката Своја, а тие, штом здогледаа по некој висок рид и некое разгрането дрво, почнаа таму да ги колат своите жртви и да ги ставаат таму своите приноси за мене со навреда и своите благопријатни кадива, извршувајќи ги таму и своите преливи.
29А Јас им реков — каква е таа височинка, каде што одите? Затоа таа и до ден денс се вика Бама.
30Ете затоа, кажи му на домот Израелов — вака вели Господ Бог: Зар не се осквернувате по примерот на вашите татковци и зар не блудствувате со нивните гадотии?
31Принесувајќи ги даровите свои и префрлувајќи ги синовите свои преку оган, вие се осквернувате со сите ваши идоли до овој ден — па Ме прашувате за совет, доме Израелов? Жив сум Јас, вели Господ Бог, нема да ви одговорам.
32И она, што ви паѓа на ум, никако нема да се изврши. Вие велите: ‚ќе му служиме на дрвото и на каменот како незнабошците, како племињата од други земји.‘
33Жив сум Јас, вели Господ Бог; со силна рака и со протегната десница, изливајќи јарост, ќе господарам над вас.
34
35И ќе ве доведам во пустината на народите и таму ќе се судам со вас лице во лице.
36Како што се судев со предците ваши во пустината на египетската земја, така ќе се судам и со вас, вели Господ Бог.
37
38И ќе ги одделам од вас отстапниците и непокорните. Ќе ги изведам од земјата, каде што живеат, но во земјата израелска тие нема да влезат, — и ќе познаете дека Јас сум Господ.
39А вие, доме Израелов, така вели Господ Бог — секој од вас оди кај идолите свои и им служи, не слушајќи Ме Мене, но не осквернувајте го повеќе светото име Мое, со вашите дарови и со вашите идоли,
40
41
42Па ќе познаете дека Јас сум Господ, кога ќе ве воведам во земјата Израелска — во земја, за која се заколнав на татковците ваши, откако ја подигнав раката Своја.
43И ќе се сетите таму за вашите патишта и за сите ваши дела, со кои се осквернувавте, па ќе се гадите од самите себе, за сите ваши злодела, што сте ги вршеле.
44И ќе познаете дека Јас сум Господ, кога ќе почнам да постапувам со вас заради името Свое, не според вашите лоши патишта и вашите развратни дела, доме Израелов, вели Господ Бог.“