Езекиел 23:1-49 MKDB2006 - Bible AI

1И дојде слово Господово до мене:

2„Сине човечки, имаше две жени, ќерки на една мајка.

3И блудствуваа тие во Египет, блудствуваа додека беа млади; таму ги фа­ќаа градите нивни, и таму ги изгмечија нивните девствени гради.

4Имињата нивни беа: големата се викаше — Охола, а сестра ѝ — Охолива. И тие беа Мои и раѓаа синови и ќерки; Охола е всушност Самарија, а Охолива — Ерусалим.

5И Почна Охола да ме изневерува и се приближи кон љубовниците свои, кон Асирците, кон соседите свои,

6кон оние што се облекуваа со облеки од порфир, кон обласните началници и градските управители, кон сите убави момчиња, коњаници, што јаваат на коњ.

7И живееше бесрамно со сите тие избрани синови на Ашур и се осквернуваше себеси со сите идоли на секој од нив, кон кого се прилепуваше;

8не престануваше да блудствува и со Египќани, бидејќи тие спиеја со неа во младоста нејзина и ги стискаа градите нејзини и ја изливаа врз неа својата похот.

9Затоа и Јас ја предадов во рацете на милениците, во рацете на Ашуровите синови, кон кои таа се придружи.

10Тие ја открија голотијата нејзина, ги зедоа синовите и ќерките нејзини, а неа ја убија со меч. И таа стана за пот­смев меѓу жените, кога ја извршуваа пресудата врз неа.

11Сестра ѝ Охолива го виде тоа и стана уште поразвратна во љубовта своја, и блудството нејзино го надмина блудството на сестра ѝ.

12Таа се прилепи до Ашуровите си­нови, до обласните началници и градските управители, соседи нејзини, богато облечени, коњаници што јаваа на коњи, кон сите одбрани момци.

13Јас видов дека таа се оскверни и дека обете одат по ист пат.

14Но таа уште повеќе ги умножи блудствата свои, зашто, кога виде на­сликани мажи на ѕидот, обоени ликови на Халдејци,

15кои беа со појас опашани до крстот и со богати преврски на главата и кои изгледаа како воени началници, што прилегаат на вавилонските синови, чија татковина е земјата халдејска;

16таа се вљуби во нив на прв поглед со очите свои и испрати кај нив пратеници во Халдеја.

17И вавилонските синови дојдоа кај неа во љубовното легло и ја осквернија со своето блудство, а преку нив и таа се оскверни и душата нејзина се одврати од нив.

18Кога, пак, се оддаде јавно на своето блудство и ја откри голотијата своја, тогаш се одврати од неа и Мојата душа, како што се одврати душата Моја од сестрата нејзина.

19И таа ги зголемуваше своите блудства, спомнувајќи ги деновите на младоста своја, кога блудствуваше во еги­петската земја.

20И се прилепи кон своите миленици, чие тело е како тело на магаре, и похотта како на коњи.

21Така ти се присети на бесрамноста во твојата младост, кога Египќаните ги пипкаа твоите гради, и ги стискаа твои­те млади дојки.

22Поради тоа, Охолива, вака вели Господ Бог: Еве Јас ќе ги подигнам против тебе твоите миленици, од кои се одврати душата твоја, и ќе ги доведам против тебе од сите страни;

23синовите на Вавилон, и сите Хал­дејци, од Пекод, од Шоа и Коа, и со нив сите Ашурови синови, убави момци, об­ласни началници и градски управители, големците и познатите, сите вешти јавачи;

24и ќе дојдат против тебе од север и многу бојни коли со многу народ, ќе те опседнат од сите страни, со штитови, со шлемови и оклопи. Ним ќе те предадам на суд и тие ќе ти судат со својот суд.

25И ќе ја свртам Мојата ревност против тебе и со тебе ќе постапат гневно: ќе ти го отсечат носот и ушите, а она што ќе остане, ќе падне од меч; ќе земат од синовите твои и од ќерките твои, а она, што ќе остане од оган ќе загине;

26ќе ти ги соблечат облеките твои и ќе ти ги земат накитите твои.

27Така ќе ставам крај на твојата расипаност и на твоето блудствување, што го вршеше во египетската земја, и нема да ги свртуваш кон нив очите свои, и за Египет нема повеќе да си спомнуваш.

28Зашто, така вели Господ Бог: Еве, Јас те предавам во рацете на оние, кои ти ги замрази, во рацете на оние, од кои се одврати душата твоја.

29И ќе постапат со тебе жестоко; ќе ти земат сѐ што е со труд заработено, ќе те остават гола и непокриена, и откриена ќе биде твојата срамна голо­тија, твојот блуд и бесчестие.

30Тоа ќе стане со тебе поради твоето блудствување со народите, со чии идоли ти се оскверни.

31Ти одеше по патот на сестрата сво­ја; затоа и ќе ти ја дадам в рака чашата нејзина.

32Така вели Господ Бог: Ти ќе пиеш од длабоката и широка чаша на сестрата своја и ќе се изложиш на потсмев поради нејзината големина.

33Со пијанство и тага ќе бидеш ис­полнета: од чашата на ужасот и запустувањето, од чашата на сестра ти Сама­рија.

34И ќе ја испиеш и ќе ја пресушиш, парчињата нејзини ќе ги оближеш и градите свои ќе ги разраниш, зашто Јас го реков тоа, вели Господ Бог.

35Затоа, вака вели Господ Бог: Биде­јќи ти Ме заборави и се откажа од Мене, па трпи сега заради својот грев и поради своето блудствување.“

36И ми рече Господ: „Сине човечки, сакаш ли да им судиш на Охола и на Охолива? Кажи им ги нивните гнасотии;

37зашто тие прељубодејствуваа и крв има на рацете нивни, и со идолите свои прељубодејствуваа, а синовите свои, што Ми ги родија, преку оган ги пренесоа како храна за нив.

38Ете, што Ми направија: го осквернуваа светилиштето Мое во ист ден и ги нарушуваа саботите Мои.

39Зашто кога ги колеа децата свои за своите идоли, во истиот ден доаѓаа во светилиштето Мое, за да го осквернат; ете, како постапуваа тие во Мојот дом.

40Освен тоа, праќаа и по луѓе, што доаѓаа оддалеку; праќаа кај нив пра­теници и, ете, тие доаѓаа, и ти за нив се капеше, ги дотеруваше очите свои и со накити се китеше.

41Седеше на убаво легло, пред кое имаше маса и на неа ги ставаше Моите благопријатни кадива и Моето масло.

42Се слушаше гласот на народот, кој ликуваше, и кај луѓето од народот доведуваа пијаници од пустината; и на ра­цете нивни ставаа гривни и на главите нивни — украсени венци.

43Тогаш реков за остарената во прељубодејство: Сега ќе се свршат блудствувањата нејзини заедно со неа.

44Но доаѓаа кај неа: доаѓаа како што се доаѓа кај жена блудница, така доаѓаа кај Охола и кај Охолива, кај тие раз­вратни жени.

45Но мажи праведни ќе ги судат со суд за прељубодејки и со суд за крвопроливачки, зашто тие се прељубодејки и по нивните раце има крв.

46Така вели Господ Бог: да се свика против нив собрание и да ги предадат на мака и грабеж.

47И собранието ќе ги убие со камења и ќе ги испосече со мечевите свои, ќе ги убие синовите нивни и ќерките нивни и со оган ќе ги изгори куќите нивни.

48Така ќе го ставам крајот на расипаноста на таа земја и сите жени ќе го имаат тоа како пример, па нема да вршат срамни работи како вас.

49И ќе го свртат вашето бесчестие против вас, па ќе претрпите казна за гревовите и за вашето идолопоклон­ство, и ќе познаете дека Јас сум Господ Бог.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>