Езекиел 25:1-17 MKDB2006 - Bible AI

1И дојде слово Господово до мене:

2„Сине човечки, сврти го лицето свое кон синовите Амонови и кажи про­роштво против нив,

3и речи им на синовите Амонови: Чујте го словото на Господ Бог: така вели Господ Бог — бидејќи за Моето све­тилиште се вели: ‚о, о,‘ а тоа е навреда и за израелската земја, зашто таа е опу­стошена, и за домот Јудин, бидејќи тие отидоа во ропство.

4Затоа, еве, Јас ќе те дадам во наследство на синовите од Исток и ќе направат кај тебе колиби, ќе распнат кај тебе шатори и ќе ги јадат плодовите твои и ќе го пијат млекото твое.

5Рава ќе ја направам обор за камили, и синовите Амонови — овчари, па ќе познаете дека Јас сум Господ.“

6Затоа вака вели Господ Бог: „Би­дејќи ти плесна со рацете и тропна со ногата, со сиот презир кон земјата изра­елска, душевно се зарадува,

7еве, Јас, ќе ја протегнам раката Сво­ја против тебе и ќе те предадам да те разграбаат народите, и ќе те истребам од бројот на народите и ќе те избришам од бројот на земјите; ќе те уништам и ќе познаеш дека Јас сум Господ.“

8Така вели Господ Бог: „Бидејќи Моав и Сеир велат: ете и домот Јудин е како сите народи.

9Еве, Јас ќе ја откријам земјата моав­ска од крај до крај, за да остане без градовите што им беа украс на земјата: Бет-Јешимот, Ваал-Меон и Кирјатаим,

10на синовите од Исток и ќе им го дадам во наследство заедно со синовите Амонови, та синовите Амонови да не се спомнуваат повеќе меѓу народите.

11И Моав ќе го судам, па ќе познаат дека Јас сум Господ.“

12Така вели Господ Бог: Бидејќи Едом жестоко му се одмаздуваше на до­мот Јудин и тешко згреши, со тоа што им се одмаздуваше,

13вака вели Господ Бог: „Ќе ја протегнам раката против Едом и ќе ги ис­требам во него луѓето и добитокот и ќе го направам пустина. Од Теман до Дедан, сите ќе паднат од меч.

14И ќе му се одмаздам на Едом преку раката на Мојот народ Израел; и тие ќе дејствуваат во Едом по Мојот гнев и Мојата јарост, па ќе го познаат Моето одмаздување“, вели Господ Бог.

15Така вели Господ Бог: „Затоа што Филистејците постапија со одмазда и се одмаздуваа со презир во душата за по­гибел, со вечна омраза,

16така вели Господ Бог — еве, ќе ја протегнам раката Своја над Филис­тејците, ќе ги истребам оние од Крит и ќе го уништам нивниот остаток покрај морскиот брег;

17и ќе извршам над нив голема одмазда со жестоки казни; па ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе го извршам над нив Моето одмаздување.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>