1
2„Сине човечки, поради тоа што Тир ликуваше над Ерусалим: ‚о, о‘, се скрши вратата на народите, и тие се свртеа кон Мене; ќе се збогатам — тој е опустошен.
3Така вели Господ Бог, еве, Јас сум против тебе, граде Тире, и ќе кренам против тебе многу народи како морето што ги крева брановите свои.
4
5Ќе биде место за простирање мрежи во морето; зашто Јас го реков тоа, вели Господ Бог, и ќе биде разграбен од народите.
6А ќерките негови, што се во земјата, ќе бидат со меч убиени и ќе познаат дека Јас сум Господ.“
7Зашто така вели Господ Бог: „Еве, против Тир ќе го доведам од север Навуходоносор, вавилонскиот цар, царот над царевите, со коњи и со коли, со коњаница и со војска и со многуброен народ.
8Тој со меч ќе ги убие ќерките твои во земјата, ќе подигне против тебе опсадни кули, ќе направи опкоп против тебе и ќе постави штитови против тебе.
9Ќе донесе машини за разбивање ѕидови до самите ѕидови и ќе ги разруши кулите твои со секири.
10Од многуте негови коњи прав ќе те покрие, од шумот на јавачите, на тркалата и на колите ќе се затресат ѕидовите твои, кога ќе влезе во портите твои, како што се влегува во разбиен град.
11Со копитата на коњите свои ќе ги изгази твоите улици, народот твој со меч ќе го убие и спомениците на твојата сила на земјата ќе ги соборува.
12И ќе го разграбат твоето богатство, ќе ја пленат твојата стока, ќе ги разрушат твоите ѕидови, ќе ги урнат твоите убави домови, твоите камења и твоите дрвја и земјата твоја ќе ја фрлат во вода.
13
14и ќе те направам гол камен, ќе станеш место за простирање мрежи; нема да бидеш одново изграден, зашто Јас, Господ, го реков тоа“, вели Господ Бог.
15
16
17И ќе почнат да плачат за тебе и ќе ти речат: ‚Како пропадна, славни граде, во кој живеат поморци, народ силен по морето, ти и жителите твои кои влеваа страв на сите оние, што живееја покрај тебе!‘
18Сега, во денот на твоето паѓање, затреперија островите, островите морски се исплашија од твојата погибел.
19
20тогаш ќе те соборам со оние, што слегуваат во гроб, кај оние што порано постоеле, и ќе те ставам во долната земја, во вечната пустина, со спуштените во гроб, за да не бидеш веќе населен; и ќе ја објавам славата во земјата на живите.
21